Progress PDI 1005 User Manual page 116

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 15
116 progress
Сигнализирање за филтерот со
јаглен
По 160 работни часа засветува
сијаличката L2.
Кога ќе се појави тој сигнал извршете
одржување на филтерот со јаглен.
За да го ресетирате сигнализирањето
држете го притиснато копчето T5 5
секунди. (при вклучен аспиратор).
Аспираторот ќе испушти звучен сигнал
„БИП" а сијаличката L2 ќе престане да
свети.
Во случај на истовремено
сигнализирање на двата филтри,
сијаличките L1 и L2 ќе светат
наизменично.
Ресетирањето ќе се направи со
вршење на гореопишаната процедура
двапати.
Првиот пат ќе се ресетира
сигнализирањето за филтерот со
јаглен а вториот пат ќе се ресетира
сигнализирањето за филтерот за масти.
Во стандардната форма,
сигнализирањето за филтерот со јаглен
не е активно.
Во случај ако аспираторот се користи
во варијанта со филтрирање потребно
е да се оспособи сигнализирањето за
филтерот со јаглен.
Активирање на сигнализирањето за
филтерот со јаглен:
Исклучете го аспираторот и држете го
притиснато копчето T5 5 секунди.
Штом се притисне копчето засветуваат
сијаличките за сигнализирање за
филтрите кои што се активни во
моментот.
Аспираторот ќе испушти звучен сигнал
„БИП" а сијаличката L2 ќе засвети 2
секунди.
Сијаличките L1 и L2 ќе останат
запалени околу 2 секунди пред да се
исклучи аспираторот.
Деактивирање на сигнализирањето
за филтерот со јаглен:
Исклучете го аспираторот и држете го
притиснато копчето T5 5 секунди.
Штом се притисне копчето засветуваат
сијаличките за сигнализирање за
филтрите кои што се активни во
моментот.
Аспираторот ќе испушти звучен сигнал
„БИП" а сијаличката L2 ќе се изгаси.
Сијаличката L1 ќе остане запалена
околу 2 секунди пред да се исклучи
аспираторот.
Одржување
Предупредување! Пред
билокаква операција за чистење
или одржување, исклучете го
аспираторот од електричната
мрежа со вадење на струјниот
приклучник или со исклучување на
домашниот мрежен прекинувач.
Аспираторот мора редовно да се чисти
(најмалку со истата фреквенција со која
се врши одржувањето на филтерите
за масти) како од внатрешноста така
и од надворешноста. За чистењето
користете крпа навлажнета со течни
неутрални детергенти.
Да не користите производи кои содржат
абразиви. НЕ КОРИСТЕТЕ АЛКОХОЛ!
Предупредување! Ако не се
следат упатствата во однос
на чистењето на аспираторот
и замената на филтрите ќе
доведе до ризик од пожари. Се
препорачува до придржување на
предложените упатства.
Ние одбиваме билокаква одговорност
за евентуални оштетувања на моторот
или пожар предизвикан како резултат
на неправилно одржување или
неследење на наведените упатствата.
Филтер за масти
Сл. 26-31
Треба да се чисти еднаш во месецот
(или кога системот за покажување
на заситеноста на филтрите – ако е
предвиден со моделот што го имате-
ја покажува оваа потреба), со
неагресивни детергенти, рачно или
во машина за миење садови на ниска
температура и во краток циклус.
Со перењето во машина за миење
на садови металниот филтер за
масти може да ја изгуби малку
бојата но неговите карактеристики за
филтрирање воопшто не се менуваат.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Pdi 1005e

Table of Contents