Makita DVC867L Instruction Manual page 76

Cordless
Hide thumbs Also See for DVC867L:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
БЕНЗИН, ПЛИН, БОЈА, ЛЕПИЛА ИЛИ ДРУГИ
СИЛНОЕКСПЛОЗИВНИ СУПСТАНЦИИ.
Прекинувачот создава искри при неговото
вклучување и исклучување. Истото го прави и
менувачот на моторот додека работи. Може да
настане опасна експлозија.
6.
Никогаш не користете ја правосмукалката за
смукање токсични, канцерогени, запаливи
или други опасни материјали, како што се
азбест, арсен, бариум, берилиум, олово,
пестициди или други материјали опасни по
здравјето.
7.
Никогаш не користете ја правосмукалката на
отворено додека врне дожд.
8.
Не користете ја во близина на топлински
извори (печки и сл.).
Не блокирајте ги влезот/излезот/отворите
9.
за ладење на смукалката. Овие отвори
овозможуваат ладење на моторот.
Блокирањето треба внимателно да се
избегнува бидејќи во спротивно, моторот ќе
прегрее заради недостиг на вентилација.
10. Одржувајте добра стабилност и рамнотежа
со нозете цело време.
11.
Немојте да го превиткувате, влечете или да
газите врз цревото.
12. Исклучете ја правосмукалката веднаш ако
забележите намалување на можностите
или што било неправилно во текот на
работењето.
13. ИЗВАДЕТЕ ЈА БАТЕРИЈАТА(ИИТЕ). Кога
не се користи, пред сервисирање и при
промена на додатоците.
14. Исчистете ја и сервисирајте ја
правосмукалката непосредно по секоја
употреба за да ја одржувате во добра
работна состојба.
15. ОДРЖУВАЈТЕ ЈА ПРАВОСМУКАЛКАТА
ГРИЖЛИВО. Одржувајте ја правосмукалката
чиста за подобра и посигурна изведба.
Следете ги упатствата за промена на
додатоци. Рачките нека бидат суви, чисти и
без масло и маснотии.
16. ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА ОШТЕТЕНИ
ДЕЛОВИ. Пред натамошната употреба на
правосмукалката, треба да се провери дали
има оштетен штитник или друг дел за да се
утврди дека ќе работи исправно и правилно
ќе ја извршува својата функција. Проверете
ги порамнувањето на подвижните делови,
прицврстеноста на подвижните делови,
трошењето на деловите, монтажата и која
било друга состојба што може да влијае
врз работењето. Оштетените штитник
или друг дел треба соодветно да се
поправат или да се заменат во овластен
сервисен центар, освен ако не е поинаку
наведено во ова упатство за користење.
Заменете ги неисправните прекинувачи во
овластен сервисен центар. Не користете ја
правосмукалката ако не може да се вклучи и
исклучи со прекинувачот.
17. РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ. При сервисирањето,
користете само идентични резервни делови
за замена.
18. СКЛАДИРАЈТЕ ЈА ПРАВОСМУКАЛКАТА
КОГА НЕ СЕ КОРИСТИ. Кога не се користи,
правосмукалката треба да се складира во
затворен простор.
19. Бидете внимателни со вашата
правосмукалка. Ако со неа се ракува грубо,
тоа може да предизвика кршење дури и на
најцврсто изградената правосмукалка.
20. Не обидувајте се да ги чистите надворешноста
или внатрешноста со бензин, разредувач или
хемиски средства за чистење. Може да дојде
до пукнатини и промена на бојата.
21. Не користете ја правосмукалката во затворен
простор каде што има запаливи, експлозивни
и отровни испарувања од маслени бои,
разредувачи на боја, бензин, некои средства
против молци итн. или во области каде што
има присуство на запалив прав.
22. Не ракувајте со овој или кој било друг алат
ако сте под дејство на лекови или алкохол.
23. Како основно правило за безбедност,
користете заштитна маска или заштитни
очила со странични штитници.
24. Користете маска за заштита од прав кога
работите во правливи услови.
25. Оваа машина не е наменета за употреба
од лица, вклучувајќи деца, со намалени
физички, сетилни или психички
способности или од лица кои немаат
доволно искуство и знаење.
26. Треба да се внимава малите деца да не си
играат со правосмукалката.
27. Никогаш не ракувајте со батеријата(иите) и
правосмукалката со влажни раце.
28. Бидете многу внимателни при чистење скали.
29. Не користете ја правосмукалката како стол
или како работна маса. Машината може да
падне и тоа да резултира со телесна повреда.
30. Пред користењето, на операторите ќе им
бидат дадени информации, упатства и обука
за користењето на машината и супстанциите
за кои треба да се користи, вклучително
и безбедниот начин на отстранување и
фрлање на собраните материјали.
31. Производителот или упатено лице треба
да извршуваат техничка проверка на
машината, најмалку еднаш годишно, којашто
се состои од, на пример, проверка на
филтрите за оштетувања, непропустливост
на воздух на машината и соодветно
функционирање на контролниот механизам.
32. При изведување сервис или поправки, сите
контаминирани предмети што не може да се
исчистат задоволително треба да се фрлат.
Таквите предмети треба да се фрлаат во
непропустливи кеси во согласност со
тековната регулатива за фрлање таков
отпад.
Користење и грижа за алатот на батерии
1.
Полнете само со полначот одреден од
страна на производителот. Полнач што
е соодветен за еден тип батерија може да
создаде ризик од пожар кога се користи со
друга батерија.
76 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dvc157l

Table of Contents