Makita DUX18 Instruction Manual page 63

Cordless multi function power head
Hide thumbs Also See for DUX18:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Општи упатства за безбедност за
електричните алати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
безбедносни предупредувања, упатства,
илустрации и спецификации дадени со
електричниот алат. Ако не се почитуваат сите
упатства наведени подолу, може да дојде до
струен удар, пожар и/или сериозни повреди.
Чувајте ги сите предупредувања
и упатства за да може повторно
да ги прочитате.
Под терминот „електричен алат" во
предупредувањата се мисли на вашиот електричен
алат кој работи на струја (со кабел) или на батерии
(безжично).
Дополнителни безбедносни
упатства
1.
Секогаш држете ги рацете, лицето и
облеката подалеку од алатот за сечење
додека ротира. Во спротивно може да дојде до
телесна повреда.
2.
При работењето, држете ги луѓето и
животните што се наоѓаат во близина на
растојание од најмалку 15 м од алатот.
Исклучете го алатот веднаш штом некој се
приближи.
3.
При работењето, никогаш не стојте на
нестабилна или лизгава површина или на
стрмнина. За време на ладните годишни
времиња, внимавајте на мразот и снегот и
секогаш одржувајте стабилна положба со
нозете.
Никогаш не работете качени на скала или на
4.
дрво за да избегнете губење на контролата.
5.
Пред работењето, испитајте дали во
работната област има камења или други
тврди предмети. Тие може да бидат
расфрлени или да предизвикаат опасен
повратен удар и да резултираат со тешка
повреда и/или оштетување на имотот.
6.
Кога користите сечила, избегнувајте
повратни удари и секогаш бидете
подготвени за ненадеен повратен удар.
Погледнете во делот за Повратен удар.
Кога го оставате алатот, дури и за кратко
7.
време, секогаш вадете ја касетата за
батерија. Ако алатот се остави без ваше
присуство со монтирана касета за батерија,
може да биде употребен од неовластено лице
и да предизвика тешка несреќа.
8.
Пред да извршувате какви било работи за
одржување или поправка, или пред да го
чистите, секогаш исклучувајте го и вадете ја
касетата за батеријата.
Прочитајте ги сите
63 МАКЕДОНСКИ
9.
Пред да го складирате алатот, извршете
целосно чистење и одржување. Извадете ја
касетата за батеријата. Поставете го капакот
на сечилото.
10. Складирајте го алатот на суво и високо или
заклучено место надвор од дофат на деца.
Кога го допирате сечилото, носете заштитни
11.
ракавици. Сечилата може да нанесат сериозни
исеченици врз голите раце.
12. Кога ракувате со сечило, секогаш носете
ракавици и ставете го капакот за сечило врз
сечилото.
13. Кога не се користи, прикачете го капакот за
сечило на сечилото. Пред работа, извадете
го капакот.
14. Пред транспортирање на алатот, исклучете
го и извадете ја касетата за батеријата.
Поставете го капакот на сечилото.
15. Пред да го стартувате алатот за сечење,
осигурете се дека не ја допира земјата и
друг пречки, како на пример дрво.
16. Алатот за сечење мора секогаш да биде
опремен со штитник. Никогаш не работете
со алатот со оштетени штитници или без
поставени штитници!
17. Често проверувајте дали на додатокот за
сечење има пукнатини или оштетувања
при работата. Пред да извршите проверка,
извадете ја касетата за батерија и почекајте
додека додатокот за сечење целосно не
запре. Веднаш заменете го оштетениот
додаток за сечење, дури и ако има само
површински пукнатини.
18. Не користете го алатот при лоши временски
услови или ако постои ризик од громови.
19. Внимавајте да нема електрични кабли,
цевки за вода, цевки за плин итн. што може
да предизвикаат опасност доколку се
оштетат со употребата на алатот.
20. За време на работата, секогаш држете го
алатот со двете раце. Никогаш не држете го
алатот со една рака за време на неговата
употреба.
21. Рачките нека бидат суви, чисти, без масло и
маснотии. Држете ги сите отвори за воздух
без нечистотии.
22. При работењето, користете го ременот за
рамо. Држете го алатот цврсто од вашата
десна страна.
23. Не допирајте го куќиштето на преносниот
систем за време на и веднаш после
работењето. Куќиштето на преносниот систем
се вжештува при работењето и може да
предизвика изгореници.
24. Одморајте се за да спречите губење на
контролата заради замор. Препорачуваме да
правите паузи за одмор од по 10 до 20 минути
секој час.
25. Избегнувајте опасни средини. Не користете
го алатот на влажни места и не изложувајте
го на дожд. Ако навлезе вода во алатот, тоа
може да го зголеми ризикот од струен удар.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents