Makita AR411HR Instruction Manual page 49

Pneumatic auto feed coil screwdriver
Hide thumbs Also See for AR411HR:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
3.
Овој алат не е наменет за употреба во
средини со потенцијална опасност од
експлозија и не е изолиран од доаѓање во
допир со електрична енергија.
4.
Внимавајте да нема електрични
кабли, цевки за плин итн. што може да
предизвикаат опасност доколку се оштетени
со употребата на алатот.
Користете чист и добро осветлен работен
5.
простор. Ако просторот е натрупан и темен,
полесно може да се случи незгода.
6.
Може да има локални прописи за нивото
на бучавата што мора да се почитуваат. Во
некои случаи треба да се користат ролетни
за да се придуши бучавата.
Опасности од прав и испуштање воздух
1.
Секогаш проверувајте го окружувањето. Воздухот
што се испушта од алатот може да издува прав
или предмети и да го удри операторот и/или
лицата што се наоѓаат во близина.
2.
Насочете го испустот, така што ќе се намали
кревање прав во околина полна со прав.
3.
Доколку се исфрла прав или објекти во
работната област, намалете го исфрлањето
колку е можно повеќе со цел намалување
на опасностите по здравјето и ризикот од
повреди.
Опасности од бучава
1.
Незаштитеното изложување на високи
нивоа на бучава може да предизвика трајно
онеспособување, губење на слухот и други
проблеми како тинитус (ѕвонење, зуење,
свиркање или бучење во ушите).
2.
Извршете процена на ризикот во однос на
опасностите од бучава во работната област
и применете соодветни контроли за тие
опасности.
3.
Соодветните контроли за намалување на
опасноста може да вклучуваат дејства
како материјали за амортизирање во
спречувањето на работните материјали од
„ѕвонење".
4.
Користете соодветна заштита за ушите.
За спречување на непотребното
5.
зголемување на нивоата на бучава,
работете и одржувајте го алатот како што е
препорачано во овие упатства.
6.
Преземете мерки за намалување на
бучавата, на пример поставување на
работниот материјал на површини што го
придушуваат звукот.
Опасности од вибрации
1.
Емисијата на вибрации за време на
работата зависи од силата на зафаќање,
силата на контактниот притисок, работната
насока, нагодувањето на напојувањето со
енергија, работниот материјал, поддршката
на работниот материјал. Извршете процена
на ризикот во однос на опасностите од
вибрации и применете соодветни контроли
за тие опасности.
Изложувањето на вибрации може да
2.
предизвика оштетување на нервите и
снабдувањето со крв на рацете и нозете.
3.
Кога работите во услови на студ, носете
топла облека и чувајте ги рацете топли и
суви.
Доколку почувствувате вкочанетост,
4.
пулсирање, болка или избелување на
кожата на прстите или дланките, побарајте
медицински совет од квалификувано лице
од областа на медицината на трудот во
врска со вкупните активности.
5.
За спречување на непотребното
зголемување на нивоата на вибрации,
работете и одржувајте го алатот како што е
препорачано во овие упатства.
Држете го алатот со лесен, но безбеден
6.
зафат, бидејќи опасноста од вибрации е
воопшто поголема кога силата на зафатот е
поголема.
Дополнителни предупредувања за пневматски
алати
1.
Компримираниот воздух може да
предизвика тешки повреди.
2.
Секогаш исклучувајте го дотокот на воздух
и исклучете го алатот од доток на воздух
кога не се користи.
Секогаш исклучувајте го алатот од
3.
снабдувањето со компримиран воздух пред
да менувате делови, правите нагодувања
и/или поправки и кога се оддалечувате од
работната област во некоја друга.
4.
Држете ги прстите подалеку од
прекинувачот кога не работите со овој алат
и кога се движите од една работна положба
во друга.
5.
Никогаш не насочувајте го компримираниот
воздух кон себе или кон некој друг.
6.
Цревата што се оттргнуваат може да
предизвикаат тешки повреди. Секогаш
проверувајте ги оштетените или лабавите
црева или монтажи.
7.
Никогаш не носете го пневматскиот алат со
неговото црево.
8.
Никогаш не влечете го пневматскиот алат со
неговото црево.
9.
Кога користите пневматски алати, не
надминувајте го максималниот работен
притисок ps max.
10. Пневматските алати треба да се вклучени
само со компримиран воздух на најнискиот
притисок што е потребен за работниот
процес, за редуцирање на бучавата и
вибрациите и сведувањето на абењето на
минимум.
11.
Користењето кислород и согорливи гасови
за работата на пневматските алати создава
опасност од пожар и експлозија.
12. Бидете внимателни кога користите
пневматски алати, бидејќи алатот може
да се излади и да влијае на зафатот и
контролата.
49 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents