Makita DLM382 Instruction Manual page 60

Hide thumbs Also See for DLM382:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте ја
машината пред да ја монтирате или отстраните
касетата за батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Осигурете се да го блокирате
капакот на батеријата пред употребата. Во спротивно,
калта, нечистотиите или водата може да предизвикаат
оштетување на производот или на батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја касетата
за батерија целосно додека црвениот индикатор
не се изгасне. Во спротивно, може ненадејно да
испадне од машината, предизвикувајќи ви повреда
вам или на некој друг околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате
касетата за батеријата на сила. Ако касетата
не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е
поставена правилно.
НАПОМЕНА: Машината не работи само со една
касета за батерија.
За да ја монтирате батеријата;
1.
Турнете ја рачката за блокирање на капакот на
батеријата и отворете го капакот на батеријата.
► Сл.13: 1. Капак на батеријата 2. Рачка за
блокирање на капакот на батеријата
2.
Порамнете ги јазичето од касетата за
батерија со отворот на косилката, па турнете ја
касетата додека да се заклучи во позиција со едно
кликнување.
► Сл.14: 1. Касета за батерија
3.
Вметнете го клучот за блокирање во местото
покажано на сликата и турнете го до крај.
► Сл.15: 1. Клуч за блокирање
4.
Затворете го капакот на батеријата и туркајте
го додека не се стегне со рачката за блокирање.
За да ја извадите батеријата од косилката;
1.
Турнете ја рачката за блокирање на капакот на
батеријата и отворете го капакот на батеријата.
2.
Повлечете ја касетата за батеријата од алатот
додека го лизгате копчето на предната страна на
касетата.
3.
Извлечете го клучот за блокирање.
4.
Затворете го капакот на батеријата.
Систем за заштита на машината/
батеријата
Машината е опремена со систем за заштита на
машината/батеријата. Овој систем автоматски
го прекинува напојувањето на моторот за да го
продолжи работниот век на алатот и на батеријата.
Машината автоматски ќе се исклучи за време на
работењето ако машината или батеријата се најдат
под еден од следниве услови.
Заштита од преоптоварување
Кога со машината се работи на начин што
предизвикува повлекување прекумерно висока
струја, таа автоматски се запира без никаква
индикација. Во таква ситуација, исклучете
ја машината и запрете со примената што
предизвикала негово преоптоварување. Потоа,
вклучете ја машината за да се рестартира.
Заштита од прегревање
Кога машината е прегреана, таа автоматски запира. Оставете
ја машината да се олади пред повторно да ја вклучите.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата ќе падне на ниско
ниво, машината автоматски запира. Ако производот
не работи дури ни кога прекинувачите ќе се вклучат
или исклучат, извадете ги батериите од машината и
наполнете ги.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
► Сл.16: 1. Индикатор за батерија
Кога преостанатиот капацитет на батеријата падне
на ниско ниво, индикаторот за батеријата почнува
да трепка на соодветната страна од батеријата.
Со натамошна употреба, машината запира и
индикаторот за батеријата се вклучува и останува
вклучен околу 10 секунди. Во оваа ситуација,
наполнете ја батеријата.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Само за батерии со индикатор
► Сл.17: 1. Индикаторски ламбички 2. Копче за
проверка
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
60 МАКЕДОНСКИ
Преостанат
капацитет
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dlm432

Table of Contents