Bosch Professional GSB 20-2 Original Instructions Manual page 145

Heavy duty
Hide thumbs Also See for Professional GSB 20-2:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 11
Безбедносни предупредувања за дупчалки
Безбедносни упатства за сите типови работа
Носете штитници за уши кога извршувате ударно
u
дупчење. Изложеноста на бучава може да предизвика
губење на слухот.
Користете ја(ги) дополнителната(ите) рачка(и).
u
Губење на контрола може да предизвика телесни
повреди.
Држете го електричниот алат за изолираната
u
површина додека сечете за да не дојде во контакт
со скриена жица или со неговиот кабел. Ако
опремата за сечење или прицврстувачите дојде во
допир со „жица под напон", може да ги изложи
металните делови на електричниот алат „под напон" и
операторот може да добие струен удар.
Безбедносни упатства при користење на долги бургии
Никогаш не користете поголема брзина од
u
максималната означена брзина на бургијата. При
поголема брзина, бургијата може да се искриви ако
слободно ротира надвор од делот што се обработува, и
да се повредите.
Секогаш почнете го дупчењето со мала брзина, и
u
врвот на бургијата да биде во допир со делот што се
обработува. При поголема брзина, бургијата може да
се искриви ако слободно ротира надвор од делот што
се обработува, и да се повредите.
Притиснете во директна линија со бургијата, и без
u
прекумерен притисок.Бургијата може да се искриви
и да се скрши, или да изгубите контрола и да се
повредите.
Дополнителни безбедносни напомени
Доколку се блокира алатот што се вметнува,
u
веднаш исклучете го електричниот алатот. Бидете
претпазливи со високите реакциски моменти, што
може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се
вметнува се блокира, ако електричниот алат се
преоптовари или се навали кон делот што се
обработува.
Цврсто држете го електричниот апарат. При
u
зацврстување и одвртување на шрафови може да
настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку
u
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
u
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
Bosch Power Tools
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување и може да предизвика
електричен удар.
Почекајте додека електричниот алат сосема не
u
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни напомени
и упатства. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за ударно дупчење во
цигли, бетон и камен, како и за дупчење во дрво, метал,
керамика и пластика. Електричните алати со електронска
регулација и лев/десен тек се исто така погодни за
одвртување и сечење навои.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Брзозатегнувачка глава за дупчење
(2) Прекинувач „Дупчење/ударно дупчење"
(3) Прекинувач за менување на правецот на вртење
(4) Копче за фиксирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување
(5) Копче за контрола на бројот на вртежи
(6) Прекинувач за вклучување/исклучување
(7) Прекинувач за избор на брзина
(8) Дополнителна рачка (изолирана површина на
A)
рачката)
A)
(9) Граничник за длабочина
(10) Рачка (изолирана површина на рачката)
(11) Клуч за затегнување на главата за дупчење
(12) Запчеста глава за дупчење
A)
(13) Бит за одвртувач
(14) Универзален држач за битови
(15) Клуч со внатрешна шестаголна глава
A) Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Македонски | 145
A)
A)
1 609 92A 55U | (18.11.2019)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Gsb 20-2 professional

Table of Contents