Huawei WiFi AX3 Quick Start Manual page 250

Hide thumbs Also See for WiFi AX3:
Table of Contents

Advertisement

П6: Што да направам ако некои од моите уреди не можат да го најдат или да се
поврзат со Wi-Fi?
Овој насочувач поддржува Wi-Fi 6, што е технологија за Wi-Fi од новата генерација што
може да ги подобри брзините на мрежите за уредите со Wi-Fi 6. Сепак, некои постари уреди,
како што се лаптопи што користат мрежни адаптери од Intel, можно е да не можат да ја
најдат или да се поврзат со мрежата Wi-Fi поради проблеми со компатибилноста. Во овој
случај, обидете се да ја ажурирате верзијата на софтверот на уредите според прирачникот
со упатства за уредот или извршете ги следниве операции:
Ажурирајте ги насочувачот и апликацијата за паметно управување со уреди од HUAWEI
на најновата верзија. За да ја отворите апликацијата, допрете ја иконата за насочувачот,
допрете Прикажи повеќе, пребарајте и овозможете Резервна мрежа Wi-Fi 5 и поврзете го
уредот на мрежата Wi-Fi 5.
П7: Како да ја користам функцијата NFC на насочувачот за брзо да се поврзам на
мрежата Wi-Fi?
Отклучете го телефонот, овозможете NFC на него и допрете ја NFC-областа што се наоѓа на
задниот дел врз NFC-областа од насочувачот, па следете ги упатствата на екранот за да го
поврзете телефонот на мрежата Wi-Fi.
Оваа карактеристика е достапна на уреди со Android што поддржуваат NFC, но можно е
некои уреди со нестандардна NFC да не можат да се поврзат. Уредите со iOS не поддржуваат
поврзување преку NFC.
246

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents