Преместување На Ледоматот - LG GTF744BLPZD Owner's Manual

Hide thumbs Also See for GTF744BLPZD:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
2
Наполнете го резервоарот за вода со вода
за пиење и затворете го капакот (малото
капаче).
• Резервоарот за вода собира до 6,0 L.
ВНИМАНИЕ
• Деца не смеат да се приближуваат до
резервоарот на диспензерот за вода. Ако
детето го испушти полниот резервоар на
диспензерот за вода, може да дојде до
повреда. Не полнете го резервоарот со други
пијалоци освен со вода или топла вода.
• Не применувајте прекумерна сила кога го
вадите или составувате резервоарот на
диспензерот за вода. Во спротивно, може да
дојде до оштетување или повреда.
НАПОМЕНА
• Можете да ја користите горната кошница,
откако ќе го отстраните капакот на резервоарот
за вода, ако ви треба повеќе простор кај
кошницата на вратата. Номиналниот
внатрешен волумен на фрижидерот, се
оценува откако ќе биде отстранет резервоарот
за вода.
• Пред да го употребувате резервоарот на
диспензерот за вода по монтирањето на
апаратот, треба да се измие пред да го
наполните со вода.
• Проверете дали резервоарот на диспензерот
за вода е правилно наместен на апаратот. Ако
не е правилно наместен, може да протекува
вода од него во апаратот.
• Ако нема вода во резервоарот за дозирање на
водата, не може да се користи функцијата за
студена вода на дозерот за вода. Проверете
дали има вода во резервоарот на дозерот за
вода, и наполнете го со вода, ако нема.
• Почекајте барем 15 секунди пред да го
отстраните резервоарот за вода, откако сте ја
дозирале водата.
• Звукот од резервоарот за вода ќе биде
нормален, кога ќе се снабдува водата во
дозерот. Тоа не е звук на неправилно
работење.
Преместување на ледоматот
За да направите коцки мраз, исполнете го садот
за вода со вода за пиење, и внесете го во
неговата позиција.
• Наполнете само со вода за пиење.
• Ако садот за лед е преполн, коцките лед може
да се залепат, и ќе биде тешко да се
отстранат.
• Притиснете на копчето Express Freeze на
контролната плоча, за брзо правење лед.
• Ледот полесно може да се отстрани ако
истурите вода врз садот за лед, или ако прво
го потопите во вода и го извиткате.
• Не чувајте мраз што не е целосно замрзнат.
• Можете да го отстраните садот за лед или
кофата за коцки мраз, за да создадете повеќе
простор во просторот на замрзнувачот, ако не
го користите истиот.
За отстранување на коцките мраз, држете ја
рачката од садот за вода и свртете ја во правец
на стрелките на часовникот, сė додека не се
сврти малку, за да ги ослободи коцките мраз.
Коцките мраз тогаш ќе паднат во кутијата за
коцки мраз.
ВНИМАНИЕ
• Не превиткувајте го силно садот за коцки мраз,
бидејќи може да се скрши.
МК
21

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents