Hach DR 3900 Basic User Manual page 245

Hide thumbs Also See for DR 3900:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 104
Општи информации
Безбедносни информации
Пред да ја отпакувате, поставите или ракувате со опремата,
прочитајте го ова упатство во целост. Обрнете внимание на
сите информации за опасностите и мерките на претпазливост.
Во спротивно, може да дојде до сериозна повреда на операторот
или оштетување на опремата.
За да се осигурите дека функционира заштитата што ја обезбедува
овој инструмент, не го користете или инсталирајте на начин што не
е наведен во овие упатства за ракување.
О П А С Н О С Т
Укажува на потенцијална или неизбежна исклучително опасна ситуација, која
доколку не се избегне, доведува до смрт или до сериозна повреда.
П Р Е Д У П Р Е Д У ВА Њ Е
Укажува на потенцијална или неизбежна исклучително опасна ситуација, која
доколку не се избегне, може да доведе до смрт или до сериозна повреда.
В Н И М А Н И Е
Укажува на потенцијално опасна ситуација која може да доведе до помали
или до умерени повреди.
И З В Е С Т У В А Њ Е
Укажува на ситуација која, доколку не се избегне, може да доведе до
оштетување на инструментот. Информација која бара посебно нагласување.
Забелешка: Информации кои го надополнуваат главниот текст.
Ознаки за претпазливост
Прочитајте ги сите ознаки и етикети прикачени на инструментот.
Доколку не се придржувате до овие ознаки, може да дојде до лична
повреда или до оштетување на инструментот. Ако на инструментот
Англиски 244
се наоѓа симбол, тој ќе биде вклучен со информации за опасностите
и мерките на претпазливост во упатствата за ракување.
Доколку овој симбол се наоѓа на инструментот, тој укажува да
ги погледнете информациите за ракување и/или безбедност во
упатството за користење.
Електричната опрема означена со овој симбол не смее да се
фрла во домашен или индустриски отпад во Европа по 12 август,
2005 година. Во согласност со локалните и национални
регулативи во Европа (EU директива 2002/96/EC), европските
корисници на електрична опрема мора да ја вратат старата или
опремата со поминат работен век на производителот за да ја
фрли, без никакви трошоци за корисникот.
Забелешка: Контактирајте го производителот или
испорачувачот на опремата за да добиете упатства
за враќање на опремата на која што и поминал
работниот век, електричната дополнителна опрема
што ја испорачува производителот и помошните
додатоци за рециклирање или правилно фрлање.
Модул RFID (не е достапен на сите модели)
RFID е технологија што користи радиофреквенции. Технологијата
со радиофреквенции подлежи на националните услови за
овластување. Употребата на DR 3900 (модел со модул RFID) е во
моментов дозволена во следните земји: EU, CH, NO, HR, RS, MK,
TR, CY, US, CA, AU, NZ. Производителот истакнува дека употребата
на DR 3900 (модел со модул RFID) надвор од горенаведените
земји може да претставува прекршување на националните закони.
Производителот го задржува правото да добие овластување за
употреба и во други земји. Во случај на сомнеж, контактирајте го
испорачувачот.
DR 3900 содржи модул RFID за примање и пренесување
информации и податоци. Модулот RFID работи на фреквенција
од 13,56 MHz.

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents