Makita DCL140 Instruction Manual page 43

Cordless cleaner
Hide thumbs Also See for DCL140:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
НАПОМЕНА:
Секогаш отстранувајте го правот пред
користење, бидејќи силата на смукање ќе се
намали ако има премногу прав во чистачот.
Секогаш проверувајте дали филтерот со
високи перформанси е правилно поставен
пред да започнете со употреба на чистачот.
Ако тие не се правилно поставени, правот
ќе влезе во куќиштето на моторот и ќе
предизвика дефект на моторот.
Ако се појават следниве примери, тогаш
филтерот со високи перформанси не е
правилно поставен. Поставете ги правилно
одново за да го коригирате проблемот.
Примери на проблем
Прстенот за прицврстување на филтерот со високи
перформанси не е цврсто блокиран во жлебот на
куќиштето на чистачот.
► Сл.30: 1. Прстен за прицврстување 2. Жлеб на
куќиштето на чистачот
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
За да ги приклучите додатоците, како што
се прскалките, завртете ги и вметнете ги
во насока на стрелката за да се стегнат
добро за стабилна работа. За да го откачите
додатокот, завртете го и вметнете го во
насока на стрелката.
Ако додатокот се заврти во спротивната
насока кога се прикачува или откачува,
капсулата може да се олабави.
► Сл.31: 1. Капсула
Чистење (смукање)
Прскалка
Приклучете ја прскалката за чистење маси, бироа,
мебел и сл. Прскалката лесно се лизнува на место.
► Сл.32: 1. Распрскувач
Прскалка + Издолжувач (права цевка)
Издолжувачот влегува помеѓу прскалката и самиот
чистач. Овој распоред е погоден за чистење под
додека стоите во исправена положба.
► Сл.33: 1. Тело на чистачот 2. Издолжувач
3. Распрскувач
Врв за ќошиња
Поставете го врвот за ќошиња за чистење на
ќошињата и недостапните делови на автомобил или
мебел.
► Сл.34: 1. Врв за ќошиња 2. Тело на чистачот
Врв за ќошиња + Издолжувач
(права цевка)
На тесни недостапни места, каде што чистачот не
може да се протне, или на високи недофатни места,
користете го овој распоред.
► Сл.35: 1. Врв за ќошиња 2. Издолжувач 3. Тело
на чистачот
Чистење без прскалка
Можете да собирате прашина и прав без прскалка.
► Сл.36
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или одржување,
осигурувајте алатот да е исклучен.
Чистење
► Сл.37
Од време на време бришете ја надворешноста
(телото на чистачот) на чистачот со помош на крпа
натопена во вода со сапуница.
Исто така, чистете ги отворот за смукање, делот
каде што се монтира вреќата/торбата за прав и
запирачот на прав.
ВНИМАНИЕ:
За чистење, не користете нафта, бензин,
разредувач, алкохол или слично. Тие
средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
► Сл.38
Измијте го филтерот со вода со сапуница ако е
затнат со прав и со тоа се намалила моќноста на
чистачот. Целосно исушете го пред употребата.
Недоволно исушениот филтер може да предизвика
намалена моќност на смукање и да го скрати
работниот век на моторот.
Не радувувајте го правот залепен на чистачот со
помош на воздушен чистач. Со тоа ќе се внесе прав
во куќиштето и ќе се предизвика дефект.
43 МАКЕДОНСКИ

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dcl180Dcl180f

Table of Contents