Makita DCL140 Instruction Manual page 39

Cordless cleaner
Hide thumbs Also See for DCL140:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
6.
Не ставајте никакви предмети во отворите.
Не користете го доколку кој било од
отворите е блокиран; одржувајте го чист и
без прав, текстилни влакненца, коса и што
било друго што може да го намали протокот
на воздух.
7.
Држете ја косата, лабавата облека и сите
делови од телото подалеку од отворите и
подвижните делови.
8.
Исклучете ги сите контроли пред да ја
извадите батеријата.
9.
Обрнете особено внимание кога чистите
скали.
10. Не користете го за подигање запаливи
или согорливи течности, како на пример,
бензин, и не користете го во области каде
што тие може да бидат присутни.
11.
За полнење, користете го само
полначот што е испорачан од страна на
производителот.
12. Не подигајте ништо што гори или чади, како
на пример, цигари, догорчиња или жежок
пепел.
13. Н користете го без вреќа за прав и/или без
поставени филтри.
14. Не полнете ја батеријата надвор.
15. Полнете само со полначот одреден од
страна на производителот. Полнач што
е соодветен за еден тип батерија може да
создаде ризик од пожар кога се користи со
друга батерија.
16. Исклучиво користете ги електричните
алати со конкретно наменети батерии.
Користењето други батерии може да создаде
ризик од повреда и пожар.
17. Кога батеријата не се користи, држете ја
настрана од други метални предмети, како
што се спојувалки, монети, клучеви, шајки
или други мали метални предмети што може
да послужат како врска од еден на друг
приклучок.
18. При неправилна употреба, од батеријата
може да истече течност. Избегнувајте
контакт со неа. Ако дојде до ненамерен
контакт, измијте со вода.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ДОПОЛНИТЕЛНИ
БЕЗБЕДНОСНИ ПРАВИЛА
Овој уред е наменет за употреба во
домаќинството.
1.
Внимателно прочитајте ги ова упатство
за употреба и упатството за употреба за
полначот пред употребата.
Не подигајте ги следниве материјали:
2.
Жешките материјали, како на пример
запалени цигари или искречки/метален
прав што се создава од брусењето/
сечењето метал
Запаливи материјали, како на пример,
бензин, разредувач, газија, керозин
или боја
Експлозивни материјали, како на
пример, нитроглицерин
Запаливи материјали, како на пример,
алуминиум, цинк, магнезиум, титаниум,
фосфор или целулоид
Влажен прав, вода, масло или слично
Тврди парчиња со остри рабови, како
на пример, дрвени делканици, метали,
камења, стакло, шајки, игли или жилети
Прав што може да предизвика
затнување, како на пример, цемент или
прав за тонер
Проводлив прав, како на пример, метал
или јаглерод
Мали честички, како на пример, прав
од бетон
Таквите дејства може да предизвикаат
пожар, повреда и/или оштетување на
имотот.
Ако забележите нешто абнормално, веднаш
3.
запрете со работа.
Ако ја испуштите или удрите
4.
правосмукалката, внимателно проверете
дали на неа има пукнатини или оштетувања
пред да продолжите со работа.
5.
Не доближувајте го до печки или други
топлински извори.
6.
Не блокирајте ги доводната дупка и дупките
за вентилација.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
Важни безбедносни упатства за
касетата за батеријата
1.
Пред користење на касетата за батеријата,
прочитајте ги сите упатства и ознаки
за претпазливост на (1) полначот за
батеријата, (2) батеријата и (3) производот
што ја користи батеријата.
2.
Не расклопувајте ја касетата за батеријата.
3.
Ако оперативното времето станало
прекумерно кратко, престанете веднаш со
работа. Тоа може да резултира со ризик од
прегревање, можни изгореници, па дури и
експлозија.
Ако електролит навлезе во вашите очи,
4.
измијте ги со чиста вода и побарајте
медицинска нега веднаш. Тоа може да
резултира со губење на вашиот вид.
5.
Не предизвикувајте спој на касетата за
батеријата.
(1)
Не допирајте ги контактите со никаков
проводлив материјал.
Избегнувајте да ја чувате касетата
(2)
за батерија во сад со други метални
предмети како што се шајки, монети и
сл.
(3)
На изложувајте ја касетата за
батеријата на вода или дожд.
Краткиот спој на батеријата може да
предизвика голем проток на електрична
енергија, прегревање, можни изгореници, па
дури и пад на напојувањето.
39 МАКЕДОНСКИ

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dcl180Dcl180f

Table of Contents