Samsung UE32M4002 User Manual page 373

4 & 5 series
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Друго
Сликата не може да се прикаже на цел екран.
• HD каналите имаат црни ленти на сите рабови на екранот кога прикажуваат зголемени SD (4:3) содржини.
• При гледање филмови кои имаат различен сооднос на сликата од вашиот телевизор, на горниот и
долниот раб ќе се прикажат црни ленти.
• Поставете ги опциите за големина на слика на вашиот надворешен уред или телевизор на цел екран.
Далечинскиот управувач не функционира.
• Заменете ги батериите на далечинскиот управувач, внимавајќи на точната насока на поларитетот (+/–).
• Исчистете го прозорецот за пренос на сензорот од далечинскиот управувач.
• Обидете се да го насочите далечинскиот управувач директно кон телевизорот на оддалеченост од 1,5-1,8
m.
Далечинскиот управувач од кабелскиот/set top box приемник не го вклучува и исклучува телевизорот и не
ја прилагодува јачината на звукот.
• Програмирајте го далечинскиот управувач од кабелскиот/set top box приемник да функционира со
телевизорот. Погледнете го прирачникот за користење на кабелскиот/Set top box приемник и пронајдете
го кодот за вашиот телевизор од SAMSUNG.
Ќе се појави пораката "Режимот не се поддржува".
• Проверете ја поддржаната резолуција на телевизорот и соодветно поставете ја излезната резолуција на
надворешниот уред.
Од телевизорот излегува мирис на пластика.
• Оваа миризба е нормална и ќе исчезне со тек на време.
Функцијата Информации за сигналот на телевизорот не е достапна во менито за тестирање Самодијагноза.
• Оваа функција е достапна само за дигитални канали од антенска / RF / коаксијална врска.
Телевизорот е закосен на десната или левата страна.
• Отстранете ја подлогата со основа од телевизорот и повторно составете ја.
Потешкотии при составување на основата на подлогата.
• Проверете дали телевизорот е поставен на рамна површина. Ако не можете да ги отстраните завртките
од телевизорот, користете магнетизиран одвртувач.
Менито Емитување е во сива боја (недостапно).
• Менито на функцијата Емитување е достапно само кога ќе изберете извор на телевизорот.
Македонски - 21

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ue32m5002

Table of Contents