Samsung UE32M4002 User Manual page 370

4 & 5 series
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
08 Решавање на проблеми и одржување
Решавање на проблеми
Ако имате проблем со телевизорот, најпрво прочитајте ја оваа листа на можни проблеми и решенија. Ако
не можете да примените ниту еден од овие совети за решавање проблеми, посетете ја интернет страницата
"www.samsung.com", а потоа кликнете на Поддршка или обратете се во центарот за кориснички услуги на
Samsung.
Квалитет на сликата
• Пред сè, направете Тест на слика за да потврдите дека вашиот телевизор правилно ја прикажува тест-
сликата. (одете во MENU - Поддршка - Самодијагноза - Тест на слика) Ако тест-сликата правилно се
прикажува, причината за лоша слика може да биде изворот или сигналот.
Сликата на телевизорот не изгледа толку добро како во продавницата.
• Ако имате аналоген кабелски/set top box приемник, надградете го со дигитален set top box приемник.
Користете HDMI или компонентни кабли за да добиете HD (висока резолуција) квалитет на сликата.
• Кабелски/сателитски претплатници: Испробајте ги дигиталните станици од понудениот список на
канали.
• Поврзување со антена: Испробајте ги HD станиците откако ќе извршите автоматско пребарување на
канали.
• Многу HD канали имаат зголемена резолуција во однос на SD (стандардна резолуција) содржините.
• Поставете ја резолуцијата на излезниот видео сигнал од кабелскиот/Set top box приемник на 1080i или
720p.
• Проверете дали го гледате телевизорот од минималната препорачана оддалеченост, земајќи ги предвид
големината и резолуцијата на сигналот.
Сликата е изобличена: грешка во макро блок, мал блок, точки, пикселизација.
• Компресирањето на видео содржините може да предизвика изобличување на сликата, особено кај слики
со брзи движења како во спортот или динамичните филмови.
• Ниското ниво на сигнал или лошиот квалитет може да предизвикаат изобличување на сликата. Овој
проблем не е поврзан со телевизорот.
• Користењето на мобилни телефони во близина на телевизорот (приближно до 1m) може да предизвика
шум на сликата кај аналогната и дигиталната телевизија.
Боите се погрешни или недостасуваат.
• Ако користите компонентна врска, проверете дали компонентните кабли се поврзани на соодветните
приклучоци. Несоодветното или лабаво поврзување може да предизвика проблеми со боите или празен
екран.
Македонски - 18

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ue32m5002

Table of Contents