Bosch GOP 30-28 Original Instructions Manual page 216

Hide thumbs Also See for GOP 30-28:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 16
OBJ_BUCH-2566-002.book Page 216 Friday, June 17, 2016 1:16 PM
216 | Македонски
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Приклучување на вшмукувачот за прав (види слика A)
Вшмукувачот за прав 8 е наменет само за работење со
основна брусна плоча 9, не може да се комбинира со
други алати за вметнување.
При брусењето секогаш приклучете го вшмукувачот за
прав.
При монтажата на вшмукувачот за прав 8 (опрема)
изведете го алатот што се вметнува и граничникот за
длабочина 15.
Тргнете го вшмукувачот за прав 8 до крај во прифатот за
алат 4 на страна од стегачкото грло на електричниот уред.
Свртете го во саканата позиција. Притиснете го
затегнувачкиот лост 16, за да се фиксира вшмукувачот за
прав.
Ставете го муфот 18 на цревото на вшмукувачот 19 на
млазниците за вшмукување 17. Поврзете го цревото за
вшмукување 19 со вшмукувач за прав (опрема).
Прегледот за приклучување на различни вшмукувачи за
прав ќе го најдете на преклопената страница.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 1 нанапред,
така што на прекинувачот ќе се појави „I".
За исклучување на електричниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 1 наназад,
така што на прекинувачот ќе се појави „0".
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
GOP 40-30: Работното светло ја подобрува видливоста на
непосредното работно место. Таа се вклучува и исклучува
автоматски со електричниот алат.
 Не гледајте директно во работното светло, може да
ве заслепи.
Претходно избирање на број на осцилации
Со копчето за подесување на бројот на осцилации 2 може
да го изберете потребниот број на вртежи и за време на
користењето на апаратот.
1 609 92A 33B | (17.6.16)
Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и
работните услови и може да се одреди при практична
примена.
Совети при работењето
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Напомена: Не ги затворајте процепите за вентилација 3 на
електричниот апарат за време на работата, инаку се
намалува рокот на употреба на електричниот апарат.
Работен принцип
Со помош на осцилирачкиот погон, алатот за вметнување
осцилира до 20000 пати по минута. Ова овозможува
прецизно работење на тесен простор.
Работење со мал или еднаков притисок,
инаку работниот учинок ќе се влоши и
алатот што се вметнува може да се
блокира.
За време на работата движете го
електричниот апарат напред-назад, за да
не се загрее премногу алатот што се
вметнува и да не се блокира.
Сечење
 Користете само неоштетени, беспрекорни листови
за пила. Искривените или неостри листови за пила
може да се скршат, да влијаат негативно на сечењето
или да предизвикаат повратен удар.
 При сечење на лесни градежни материјали,
внимавајте на законските одредби и препораки на
производителот на материјалот.
 Со пилите за вдлабнување смее да се обработуваат
само материјали како дрво, гипс картон исл. !
Пред сечењето со HCS-листови за сечење во дрво,
шперплочи, градежни материјали итн. проверете дали на
нив има туѓи тела како на пр. клинци, шрафови и сл.
Доколку има, отстранете ги или употребете биметални
листови за сечење.
Сечење
Напомена: При сечењето на ѕидни плочки внимавајте на
тоа дека електричните апарати се изабуваат по
долготрајна употреба.
Брусење
Капацитетот на отстранување и изгледот во главно се
одредуваат според изборот на брусниот лист, степенот на
избраниот број на осцилации и притисокот на
површината.
Само беспрекорните брусни листови може да придонесат
за добар капацитет на брусење и одржување на
електричниот апарат.
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Gop 40-30Gop 55-36

Table of Contents