Makita DF331D Instruction Manual page 41

Hide thumbs Also See for DF331D:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Одвртување/завртување
ВНИМАНИЕ: Поставете го прстенот за
нагодување на соодветното ниво на вртежен
момент за вашата работа.
ВНИМАНИЕ: Осигурете се дека бургијата за
одвртување е вметната правилно во главата
за одвртување/завртување, во спротивно
завртката и/или бургијата за одвртување може
да се оштетат.
Поставете го врвот на бургијата за одвртување
во главата на завртката и применете притисок
врз алатот. Полека стартувајте го алатот и
постепено зголемувајте ја брзината. Отпуштете
го прекинувачот за стартување штом завртката
навлезе во материјалот.
НАПОМЕНА: Кога завртувате завртка за дрво,
претходно дупнете почетна дупка со дијаметар
2/3 од оној на завртката. Тоа ќе го олесни
завртувањето и ќе спречи пукање на работниот
материјал.
Дупчење
Прво, свртете го прстенот за нагодување, така што
покажувачот ќе покажува кон ознаката
продолжете на следниот начин.
Дупчење во дрво
Кога дупчите во дрво, најдобрите резултати се
добиваат со бургии за дрво опремени со водилка.
Водилката го олеснува дупчењето со тоа што ја
вовлекува бургијата за дупчење во работниот
материјал.
Дупчење во метал
За да спречите лизгање на бургијата за дупчење
кога започнувате со дупка, направете вдлабнување
со шило и чекан на местото каде што сакате да
дупчите. Поставете го врвот од бургијата за дупчење
во продупченото место и започнете со дупчење.
Кога дупчите во метал, користете средство за
подмачкување при сечење. Исклучок од тоа се
железо и месинг кои треба да се дупчат на суво.
ВНИМАНИЕ: Притискањето силно врз
алатот нема да го забрза дупчењето. Всушност,
овој прекумерен притисок само ќе го оштети
врвот на бургијата за дупчење, ќе ги намали
перформансите на алатот и ќе го скрати неговиот
работен век.
ВНИМАНИЕ: Цврсто држете го алатот и
внимателно напредувајте кога бургијата за
дупчење почнува да навлегува во материјалот.
Доаѓа до јака сила која делува врз алатот/
бургијата за дупчење при дупнувањето на дупката.
ВНИМАНИЕ: Заглавената бургија за дупчење
може лесно да се извади со поставување на
прекинувачот за обратна акција на обратна
ротација за да се повлече назад. Сепак, алатот
може да отскокне наназад нагло ако не го
држите доволно цврсто.
ВНИМАНИЕ: Секогаш прицврстувајте ги
малите работни материјали на менгеме или
сличен уред за прицврстување.
ВНИМАНИЕ: Ако алатот работи
континуирано додека батеријата не се
испразни, оставете го да се одмори 15 минути
пред да продолжите со свежа батерија.
Користење на алатот како рачен
. Потоа,
шрафцигер
►Сл.15
Исклучете го алатот.
Поместете ја рачката на прекинувачот за обратна
акција во неутрална положба.
Свртете го прстенот за нагодување, така што
стрелката на телото од алатот покажува кон
ознаката
Вклучете го алатот.
НАПОМЕНА: Оваа употреба е погодна за
проверка на завртувањето.
НАПОМЕНА: Не користете го алатот за работи кои
бараат голема сила, како на пример, завртка за
прицврстување или за'рѓани шрафови.
Користење футрола
Опционален прибор
ВНИМАНИЕ: Кога користите футрола,
отстранете ја бургијата за одвртување/
дупчење од алатот.
ВНИМАНИЕ: Исклучете го алатот и почекајте
додека не запре целосно пред да го поставите
во футролата.
Цврсто затворете ја футролата со копчето на
футролата за цврсто да го држи алатот.
1.
Вметнете ремен или нешто слично низ држачот
на футролата.
►Сл.16: 1. Држач на футрола 2. Ремен
2.
Поставете го алатот во футролата и заклучете
го со копчето на футролата.
►Сл.17
.
МАКЕДОНСКИ
41

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Df031d

Table of Contents