Поврзување Со Напојувањето - Samsung C61RA Series User Manual

Ceramic glass hob
Hide thumbs Also See for C61RA Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 253
Инсталирање на плотната (продолжение)
MK
Поврзување со напојувањето
Пред поврзувањето, проверете дали номиналниот напон на уредот, т.е. напонот наведен
на плочката со податоци, одговара на напонот на напојувањето. Плочката со податоци е
поставена на долниот дел од куќиштето на плотната.
Исклучете го напојувањето на електричното коло пред поврзувањето на жиците.
Напонот на грејниот елемент е AC 230 V~. Уредот исто така совршено работи и на
постарите мрежи со AC 220 V~.
Уредот треба да се поврзе на напојувањето со користење на склопка која овозможува
исклучување на уредот од напојувањето на сите фази со отвор на допир од најмалку 3
mm, како на пр. уреди за автоматско прекинување на текот, уреди за одведување кон
заземјувањето или осигурувачи.
За поврзување со напојувањето мора да се користи H05SS - F (180 °C) кабел од тип А или
повисок степен.
Номинална струја на уредот (A)
1N~
2N~
Поврзувањето мора да се спроведе според прикажаниот дијаграм. Поставувањето на
краевите мора да биде во согласност со соодветниот дијаграм за поврзување.
Жицата за заземјување се поврзува со терминалот (клемата). Жицата за заземјување мора
да биде подолга од жиците кои пренесуваат електрична струја.
Поврзувањето на жиците мора да се изврши во согласност со прописите.
Завртките на терминалот мора да бидат добро стегнати.
Кабелот за поврзување треба со силно притиснување да се поврзе безбедно со кабелот
за напојување без да постои можност за вадење (со заклучување во лежиштето). Пред
првото вклучување, заштитните фолии или налепници мора да се отстранат од керамичко-
стаклената површина.
Откако плотната ќе биде поврзана со напојувањето, проверете дали сите зони
се подготвени за користење, накусо вклучувајќи ги со максимална јачина.
Кога плотната ќе се вклучи првпат, сите екрани засветуваат и се активира
безбедносното заклучување за деца.
Предупредување: Обрнете внимание (совпаѓање) при спојувањето на фазата и
неутралната жица од домашниот приклучок и уредот (шеми за поврзување); во
спротивно, компонентите може да се оштетат.
Гаранцијата не ги покрива оштетувањата настанати заради неправилна
инсталација.
C61R2AEEP_BOL_DG68-00125D-01_MK.indd 6
> 25 и ≤ 32
> 10 и ≤ 16
230 V ~
230 V ~
6
Номинална површина на допир (mm²)
≥ 2,5
≥ 1,5
< ВЛЕЗ ~ >
L: Кафеава
N: Сина
PE: Зелена
26/11/2555 17:17:52

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

C61r2a seriesCtr464*b seriesCtr364*b series

Table of Contents