Skil 5885 Original Instructions Manual page 142

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
f) Рачките за заклучување на длабочината на
сечењето и подесување на косината мора да
бидат цврсти и обезбедени, пред почетокот на
сечењето. Доколку подесувањето за сечивото се
промени за време на сечењето, може да дојде до
удирање и до повратен удар.
g) Обрнете особено внимание кога сечете со пилата
во постојни ѕидови или други слепи области.
Сечилото што произлегува може да пресече објекти
коишто предизвикуваат повратен удар.
3) ФУНКЦИЈА НА ДОЛНИОТ ЗАШТИТНИК
a) Пред секое користење, проверете дали долниот
заштитен механизам е правилно затворен. Не
започнувајте со работа со пилата ако долниот
заштитен дел не се движи слободно и не се
затвора во моментот. Никогаш не ставајте спона
или не поврзувајте го долниот заштитен
механизам во отворена положба. Доколку пилата
ја испуштите случајно, долниот заштитен механизам
мора да се свитка. Подигнете го долниот заштитен
механизам со рачката за вовлекување и проверете
дали слободно се движи и не го допира сечилото или
било кој дел, под сите агли и во сите длабини на
сечење.
b) Проверете ја пружината на долниот, заштитен
механизам. Доколку заштитниот механизам и
пружината не функционираат правилно, мора да
се сервисираат пред користење. Долниот
заштитен механизам можеби ќе функционира споро
заради оштетените делови, талогот од гума или
зголемувањето на скршени парчиња.
c) Долниот заштитен механизам треба рачно да се
вовлече само за посебни врсти на сечење, на
пример за длабинско и сложено сечење.
Подигнете го долниот заштитен механизам со
повлекување на рачката, и штом сечилото ќе го
допре материјалот, долниот заштитен
механизам мора да се опушти. За сите останати
видови сечење долните заштитни механизми
автоматски се придвижуваат.
d) Секогаш проверете дали долниот заштитен
механизам го покрива сечилото пред да ја
спуштите пилата на клупата или подот.
Незаштитено сечило кое ротира може да предизвика
пилата да се движи назад и да сече се што ќе и се
најде на патот. Обратете внимание на времето кое е
потребно сечилото да се сопре, по исклучување на
прекинувачот.
ДОПОЛНИТЕЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
ОПШТИ
• Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
• Овој алат не е подесен за сечење во присуство на
влага
• Обезбедете се алатот да е исклучен од струја
пред да вршите било какво подесување или
замена на приборот
• Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен;
замената на кабелот мора да ја изврши стручно лице
• Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
• Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со
прашината или нејзиното вдишување може да
шредизвика алергии и/или болести на дишните
органи за оној кој работи со алатот или луѓето во
близина); носете маска за прашина и работете со
правосмукалки доколку можете да ги поврзете
• Некои видови на прашина се канцерогени (како на
пример прашината од даб или бука), особено заедно
со адитиви за одржување на дрвото; носете маска
за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
• Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
• Користете само работна маса која е опремена со
прекинувач кој спречува повторено вртење на
моторо по прекинот на напонот
• Користете само работна маса која е опремена со
водилка за сечење
ПРИБОР
• SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен соодветен прибор кој може да се набаво во
сите SKIL продавници
• Користете само прибор чија дозволена брзина е во
најмала рака еднаква на најголемата брзина при
празен од на електричниот алат
• никогаш не користете сечила за пили направени од
брзоротирачки челик (HSS)
• Никогаш не користете дискови за оштрење/сечење
со овој електричен алат
ПРЕД УПОТРЕБА
• Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот (алатите за напон од
230V или 240V исто така може да се поврзат и на
напон од 220V)
• Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во местото каде работите; тргнете ги
пред да почнете со работа
• Пред да почнете со сечење, отстранете ги сите
пречки на и под местото каде сечете
• Зацврстете го материјалот кој го обработувате
(обработка која е зацврстена со стеги или во
менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)
• Користете соодветни детектори за наоѓање на
скриени инсталации или повикајте соодветна
компанија за помош (контактот со електричните
линии може да доведе до струен удар; оштетувањата
во гасоводна цевка може да резултира со
експлозија; пенетрирање во водоводна инсталација
може да доведе до оштета на предмети или
електричен удар)
• Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
• Нивото на бучава додека работите може да изнесува
повеќе од 85 dB(A); носете заштита за ушите
• Никогаш не користете електричен алат без
оригинален систем за заштита
• Не се обидувајте да сечете многу мали материјали
• Не работете со овој алат држејќи го над главата
142

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents