Bosch PPS 7S Original Instructions Manual page 312

Pull push saw
Hide thumbs Also See for PPS 7S:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 29
OBJ_BUCH-1259-004.book Page 312 Thursday, November 6, 2014 10:45 AM
312 | Македонски
Монтирање на продолжетокот на столот и
граничниците
Монтирање на продолжетокот на столот (види слика D)
Продолжетокот на столот 27 служи за прожирување или
продолжеток на столот на пилата 7. Според тоа, може да
се монтира како лево така и десно или назад на столот на
пилата.
За монтажа користете го комплетот за прицврстување
„Продолжеток на столот"48. (Копче за вртење 52,
Иглички за приклучок, навртка)
– Притиснете го или ставете го продолжетокот на столот
27 во посакуваниот лизгачки жлеб 8 на столот на
пилата.
Доколку продолжетокот на столот се монтира лево или
десно од столот на пилата, тоа ќе биде наведнет напред.
Доколку продолжетокот на столот се монтира назад на
столот на пилата, може да се наведне на левата или на
десната страна.
– Притиснете го продолжетокот на столот се додека
долниот држач на наслонот 49 не се усогласува со еден
од отворите 9.
По потреба треба горната потпорната плоча на
наслонот 49 да го притиснете.
Олабавете ги двете инбус завртки 50 со инбус клучот
13, притиснете ја горната потпорна плоча се додека
наслонот 49 не се усогласува со посакуваниот отвор 9
и потоа инбус завртките 50 повторно затегнете ги
цврсто.
– Поставете ги навртките во отворот 9 и затегнете го
држачот на наслонот со игличката за приклучок.
– Завртете го копчето за вртење 52 за прицврстување на
продолжетокот на столот во за тоа предвидените
отвори и цврсто затегнете го.
Продолжетокот на столот мора да биде рамно со
површината на столот на пилата.
– Со помош на копчето за вртење поставете ја 51
правилната висина на продолжетокот на столот 27.
Монтирање на универзалниот граничник
(види слика E)
Универзалниот граничник 1 може да се монтира лево или
десно на столот на пилата 7 или на продолжетокот на
столот 27.
Напомена: При сечење на вертикалните агли на
закосувањето универзалниот граничник треба да се
монтира десно од листот на пилата.
– Притиснете ја или ставете ја монтажната плоча 30 на
универзалниот граничник во посакуваниот лизгачки
жлеб 8 на столот на пилата или во лизгачкиот жлеб на
продолжетокот на столот 27.
– Завртете го копчето за вртење 38 за прицврстување на
универзалниот граничник во за тоа предвидените
отвори и цврсто затегнете го.
1 609 92A 0VR | (6.11.14)
Монтирање на шината на граничникот на
универзалниот граничник
Шината на граничникот 36 на универзалниот граничник
служи како контактна површина за предметот за
обработка.
При сечење на тенки предмет за обработка шината на
граничникот треба 36 да биде монтирана рамно на
универзалниот граничник 1 за да се избегне заглавување
или пролизгување на предметот за обработка. (види
слика F1)
При сечење на високи предмети за обработка шината
на граничникот треба 36 да биде монтирана на крајот на
универзалниот граничник 1 за да се постигне по можност
голема контактна површина на предметот за обработка.
(види слика F2)
– Олабавете ги пеперутка завртките 34.
– Притиснете ја шината на граничникот 36 или на крајот
или рамно на вградувањето 53 на универзалниот
граничник.
– Зацврстете ја пеперутка завртката 34 повторно.
Монтажа на работна површина (види слика G)
 За да се овозможи безбедно ракување,
електричниот апарат мора да се монтира пред
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
– Зацврстете го електричниот апарат со соодветни
шрафови на работната површина. За тоа служат
отворите 9.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања
на дишните патишта на корисникот или лицата во
околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест може да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Секогаш користете вшмукувач за прав.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Вшмукувачот за прав/струготини може да се блокира
поради прав, струготини или скршени парчиња од делот
што се обработува.
– Исклучете го електричниот уред и извлечете го
струјниот приклучок од ѕидната дозна.
– Почекајте додека листот на пилата целосно не дојде во
состојба на мирување.
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents