Bosch PCM 8 S Original Instructions Manual page 241

Hide thumbs Also See for PCM 8 S:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 25
OBJ_BUCH-2325-002.book Page 241 Tuesday, June 23, 2015 9:26 AM
Надворешно вшмукување
За вшмукување, на исфрлувачот на струготини 29 може
да приклучите и црево за вшмукување на прав (Ø 35 мм).
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Замена на алатот (види слики G1–G4)
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 При ставањето на листот на пилата носете заштитни
ракавици. Доколку го допрете листот на пилата постои
опасност од повреда.
Употребувајте само листови за пила, чија максимално
дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи
на вашиот електричен апарат.
Користете само листови за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба или се
проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само листови за пила, што се препорачани од
производителот на овој електричен апарат и со погодни за
материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе спречи
прекумерно загревање на запците на пилата за време на
сечењето.
Вадење на листот од пилата
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава 43
со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава
38 и истовремено притиснете ја блокадата на
вретеното 37, додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното 37 и
одвртете го шрафот 43 во правец на стрелките на
часовникот (лев навој!).
– Извадете ја стезната прирабница 44.
– Притиснете на лостот 3 и навалете ја осцилаторната
заштитна хауба 5 наназад до крај.
– Држете ја осцилаторната заштитна хауба во оваа
позиција и извадете го листот за пилата 26.
– Полека вратете ја осцилаторната заштитна хауба
надолу.
Монтирање на листот за пилата
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Притиснете на лостот 3, навалете ја осцилаторната
заштитна хауба 5 наназад до крај и држете ја во оваа
позиција.
– Ставете го новиот лист за пила на внатрешната стезна
прирабница 45.
 При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
запците (правецот на стрелката на листот за пилата)
да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитната хауба!
Bosch Power Tools
– Полека вратете ја осцилаторната заштитна хауба
надолу.
– Поставете ја стезната прирабница 44 и шрафот 43.
Притиснете ја блокадата на вретеното 37 додека не се
вклопи и зацврстете го шрафот во правец спротивен на
стрелките на часовникот.
Употреба
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Транспортен осигурувач (види слика H)
Транспортниот осигурувач 35 Ви овозможува лесно
ракување на електричниот апарат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот апарат
(работна позиција)
– Притиснете ја рачката на апаратот на дршката 1 надолу,
за да го отклучите транспортниот осигурувач 35.
– Притоа, целосно извлечете го транспортниот
осигурувач на надвор 35.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Прицврстување на електричниот апарат
(позиција за транспорт)
– Олабавете го лостот за фиксирање 32, доколку го
заглавува механизмот за влечење 31. Повлечете го
кракот на алатот сосема нанапред и за блокирање на
механизмот за влечење повторно повлечете го наназад
лостот за фиксирање.
– Завртете ја завртката за подесување 24 сосема нагоре.
– За фиксирање на масата за пила 8 затегнете го копчето
за фиксирање 11.
– Притиснете на лостот 3 и истовремено навалувајте го
кракот на алатот на рачката 1 надолу додека
транспортниот осигурувач 35 не се притисне сосема
навнатре.
Сега кракот на алатот е безбедно блокиран за транспорт.
Прицврстување на делот што се обработува
(види слика I)
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот што се
обработува.
Не обработувајте мали парчиња, кои се премали за добро
да се зацврстат.
– Притиснете го делот што се обработува кон граничната
водилка 18 и 7.
– Вметнете ја столарската стега 19 во отворите
предвидени за таа намена 33.
– Олабавете ја пеперутка-завртката 46 и подесете ја
столарската стега на делот што се обработува.
Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката.
– Зацврстете го делот што се обработува со вртење на
прачката со навој 47.
Македонски | 241
1 609 92A 1GN | (23.6.15)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Pcm 800sPcm 8 stPcm 8s

Table of Contents