Bosch PCM 8 S Original Instructions Manual page 236

Hide thumbs Also See for PCM 8 S:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 25
OBJ_BUCH-2325-002.book Page 236 Tuesday, June 23, 2015 9:26 AM
236 | Македонски
 Разгледајте го парчето за обработка пред да
започнете со сечење. Ако парчето за обработка е
накривено или навалено, прицврстете ја
надворешната навалена страна на граничникот.
Секогаш проверувајте дали има празнина меѓу
парчето за обработка, граничникот и масата покрај
линијата на сечење. Накривено или навалено парче за
обработка може да се извитка или помести и да
предизвика замотување на сечилото кое ротира при
сечење. Не смее да има шајки или други надворешни
предмети во парчето за обработка.
 Не ја употребувајте пилата ако на масата, освен
парчето за обработка, има алати, дрвени остатоци и
др. Мали остатоци или расфрлени парчиња дрво или
други предмети ако се допрат до ротирачкото сечило
може да се расфрлат со голема брзина.
 Сечете само едно парче истовремено. Повеќе
парчиња не може соодветно да се зацврстат или
поврзат и може да се фатат за сечилото или да се
изместат во текот на сечењето.
 Проверете дали пилата за сечење под агол е
монтирана или наместена на рамна, цврста работна
површина пред да ја користите. Рамна и цврста
работна површина го намалува ризикот пилата за
сечење под агол да стане нестабилна.
 Испланирајте ја работата. Кога ќе ја промените
косината или подесениот агол на закосување,
проверете дали граничникот кој се подесува е
правилно поставен за држење на парчето за
обработка и дека нема да попречува на сечилото
или на заштитниот систем. Без вклучување на алатот
на „ON" и без парчето за обработка на масата, движете
го сечилото на пилата низ целосно симулиран пресек за
да проверите дали има некакви пречки или опасност да
се пресече граничникот.
 Обезбедете соодветен потпирач, како на пр.,
додаток на масата, ногарки за потпора на пилата и
др., за парче за обработка кое е пошироко или
подолго од горниот дел на масата. Ако парчињата за
обработуваат се подолги или пошироки од пилата за
сечење под агол може да се навалат доколку не се
зацврстени. Ако отсечено парче или парче за
обработка се навали, може да го подигне долното
обезбедување или да биде отфрлено од ротирачкото
сечило.
 Не користете друго лице како замена за додаток на
масата или како дополнителен држач. Нестабилен
држач за парчето за обработка може да предизвика
зафаќање на сечилото или поместување на парчето за
обработка во текот на сечењето и да ве повлече вас и
помошникот кон ротирачкото сечило.
 Отсеченото парче не смее да се заглави или
притиска кон ротирачкото сечило. Ако е ограничено,
т.е. со помош на должинските граничници, исеченото
парче може да се заглави на сечилото и силно да се
отфрли.
1 609 92A 1GN | (23.6.15)
 Постојано користете стега или прицврстувач
правилно дизајниран за држење на тркалезен
материјал, како на пр., мотки или цевки. Мотките се
склони кон вртење додека се сечат и предизвикуваат
сечилото да го „засекува" и влече парчето со вашата
рака кон сечилото.
 Оставете сечилото да достигне целосна брзина пред
да го допре парчето за обработка. Со ова ќе се
намали ризикот парчето за обработка да биде
отфрлено.
 Ако парчето за обработка или сечилото се блокира,
исклучете ја пилата за сечење под агол. Почекајте
сите подвижни делови да застанат и исклучете го
приклучокот од струја и/или извадете го
пакувањето со батерии. Потоа извадете го
заглавениот материјал. Ако продолжите да сечете со
заглавено парче за обработка може да изгубите
контрола или да ја оштетите пилата.
 Откако ќе завршите со сечењето, ослободете го
копчето, држете ја главата на пилата надолу и
почекајте сечилото да застане пред да го извадите
исеченото парче. Приближување на раката до сечило
кое сé уште врти е опасно.
 Електричниот апарат се испорачува со натпис за
предупредување (означено на приказот на мерниот
уред на графичката страна со број 2).
 Доколку текстот на налепницата за предупредување
не е на вашиот јазик, врз него залепете ја
налепницата на вашиот јазик пред првата употреба.
Не го насочувајте ласерскиот зрак на
лица или животни и не погледнувајте
директно во него или неговата
рефлексија. Така може да ги заслепите
лицата, да предизвикате несреќи или да
ги оштетите очите.
 Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш
треба да ги затворите и да ја тргнете главата од
ласерскиот зрак.
 Не вршете никакви промени на ласерскиот уред.
 Не ја оштетувајте ознаката за предупредување на
електричниот апарат.
 Добро чувајте го неискористениот електричен
апарат. Местото на складирање мора да биде суво и
затворено. Ова го спречува оштетувањето на
електричниот уред за време на складирањето или тој да
биде ракуван од страна на неискусни лица.
 Електричниот апарат не го користете доколку
кабелот е оштетен. Не го допирајте оштетениот
кабел и не го влечете струјниот приклучок, доколку
кабелот се оштети за време на работењето.
Оштетениот кабел го зголемува ризикот за електричен
удар.
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Pcm 800sPcm 8 stPcm 8s

Table of Contents