Мерки За Претпазливост - Sony HT-ST3 Reference Manual

Hide thumbs Also See for HT-ST3:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Мерки за претпазливост
За безбедност
Ако цврст објект или течност паднат во системот, исклучете го
системот и нека го провери квалификувано лице пред да го
користите пак.
Не качувајте се на долгнавестиот звучник или на сабвуферот затоа
што може да паднете и да се повредите или да го оштетите
системот.
Не поставувајте предмети врз системот.
Не вметнувајте предмети во дупките (централната цевка или дупките
за вентилација на задниот дел) на системот.
Бидејќи системот вибрира додека работи, поставете го така што
нема да падне случајно.
За изворите за напојување со електрична енергија
Пред да управувате со системот, проверете дали работниот напон е
ист како и вашето локално снабдување. Работниот напон е назначен
на плочата со името на задната страна на долгнавестиот звучник.
Ако не планирате подолго време да го користите системот,
осигурете се дека сте го исклучиле од ѕидниот штекер (главен
довод). За да го исклучите кабелот за напојување со наизменична
струја (главен вод), фатете го самиот приклучок; никогаш не тегнете
го кабелот.
Едниот забец на приклучокот е поширок од другиот од безбедносни
причини може да се вметне во ѕидниот штекер (главен довод) на
само еден начин. Ако не можете целосно да го внесете приклучокот
во штекерот, контактирајте со вашиот продавач.
Кабелот за напојување со наизменична струја (главен вод) може да
се замени само кај квалификуван сервис.
За загревање
Иако системот се загрева за време на работата, ова не претставува
дефект. Ако постојано многу го користите овој систем, температурата
на системот на задниот дел и на страните значително се зголемува.
За да не се изгорите, не допирајте го системот.
За поставувањето
Потребно е доволно простор околу системот за да се испушта
топлината. Кога го поставувате системот на полица, оставете
повеќе од 5 cm простор над системот и повеќе од 5 cm простор по
должината на страните на системот. Полицата зад системот треба да
е отворена. Ако го поставите системот со задната страна кон ѕидот,
оставете повеќе од 10 cm простор помеѓу системот и ѕидот.
Оставете го предниот дел на системот отворен.
Не поставувајте го системот врз уред што емитува топлина.
Поставете го системот на локација со соодветна вентилација за
да спречите загревање и за да го продолжите животниот век
на системот.
Не поставувајте го системот во близина на топлотни извори или
на место кое е изложено на директна сончева светлина, има
прекумерна прашина или механички шок.
На задниот дел на системот не поставувајте ништо што може да
ги блокира отворите за вентилација и да предизвика дефект.
Ако системот се користи во комбинација со телевизор, VCR или
магнетофон може да се појави шум и квалитетот на сликата ќе трпи.
Во тој случај, поставете го системот подалеку од телевизорот,
VCR или магнетофонот.
Внимавајте кога го поставувате системот на површини кои се
посебно обработени (со восок, масло, средство за полирање итн.)
бидејќи како резултат на тоа може да се предизвикаат дамки или
обезбојување на површината.
Внимавајте да не се оштетат аглите на долгнавестиот звучник или
сабвуферот.
Ракување со сабвуферот
Не ставајте ја раката во расцепот на сабвуферот кога го подигнувате.
Може да се оштети двигателот на звучникот. Кога го подигнувате,
држете го дното на сабвуферот.
За оперативноста
Пред да поврзете друга опрема, осигурете се дека сте го изгаснале
и исклучиле системот.
продолжува
5
МК

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents