Sony HT-ST3 Reference Manual page 72

Hide thumbs Also See for HT-ST3:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не монтирајте го апаратот во затворен простор, како што е полица
за книги.
За да го намалите ризикот од пожар, не покривајте го отворот за
вентилација на апаратот со весници, прекривки, завеси итн.
Не изложувајте го апаратот на извори на отворен оган (на пример,
запалени свеќи).
За да го намалите ризикот од пожар или електричен шок, не го
изложувајте апаратот на капење или прскање и не поставувајте на
него предмети што се наполнети со течности, како на пример, вазни.
Уредот не е исклучен од главниот довод сè додека е поврзан
во приклучокот со наизменична струја, дури и ако самиот уред
е исклучен.
Бидејќи главниот приклучок се користи за да се исклучи делот од
главните водови, поврзете го делот со лесно достапен штекер за
наизменична струја. Ако забележите неправилности во делот,
веднаш исклучете го главниот приклучок од штекерот за
наизменична струја.
Не изложувајте ги батериите или апаратите што имаат монтирана
батерија на прекумерна топлина, како на пример, сончева светлина
или оган.
Само за употреба во затворени простории.
Препорачани кабли
За поврзување на компјутерите домаќини и/или периферните уреди,
мора да се користат соодветно заштитени и вземјени кабли
и приклучоци.
Опремата е тестирана и е во согласност со ограничувањата зададени
од Директивата EMC за користење кабел пократок од 3 метри.
2
МК
Напомена за потрошувачите: следните информации
се применливи само за опремата продадена во
земјите што ги применуваат директивите на ЕУ.
Овој производ е произведен од или во име на Sony Corporation,
1-7-1 Konan Minato-ku Tokyo, 108-0075 Japan. Прашањата поврзани
со компатибилностa на производот со законодавството на Европската
Унија треба да бидат упатени до овластениот претставник,
Sony Deutschland GmbH, Hedelfinger Strasse 61, 70327 Stuttgart,
Germany. Обратете се на адресите дадени во посебните документи
за услуги или гаранција за какви било прашања со услугата или
гаранцијата.
Со ова, Sony Corp., изјавува дека оваа опрема е во согласност
со суштинските барања и другите важни одредби од
Директивата 1999/5/EC.
За детали, посетете ја следната веб-адреса:
http://www.compliance.sony.de/

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents