Download Print this page

Одржување - Stihl RME 235.0 Instruction Manual

Hide thumbs Also See for RME 235.0:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 23
15 Одржување
► Извлечете го куплунгот на кабелот за
продолжување од мрежниот приклучок на
косилката за трева.
► Ставете ја косилката за трева на рамна
површина.
► Откачете ја корпата за искосената трева.
► Држете ја цврсто косилката за трева за
рачката (1), навалете ја на страна и
спуштете ја.
14.2
Чистење на косилката за
трева
► Исклучете ја косилката за трева.
Ножот не смее да ротира.
► Извлечете го куплунгот на кабелот за
продолжување од мрежниот приклучок на
косилката за трева.
► Почекајте косилката за трева да се излади.
► Исчистете ја косилката за трева со влажна
крпа.
► Исчистете го каналот за исфрлање со мека
четка или влажна крпа.
► Исчистете ги електричните контакти на
косилката за трева со четка за фарбање
или мека четка.
Исчистете ја областа околу ножот и самиот
нож со дрвен стап, мека четка или влажна
крпа.
УПАТСТВО
■ Чистењето со уред за миење под висок
притисок или млаз вода може да го
оштети уредот.
► Не чистете го уредот со уред за миење
под висок притисок или млаз вода.
15 Одржување
15.1
Интервал за одржување
Интервалот за одржување зависи од условите
на околината и од работните услови. STIHL го
препорачува следниов интервал за
одржување:
0478-121-9805-A
Годишно
► Одржувајте ја косилката за трева кај
овластен дистрибутер на STIHL.
15.2
Вадење и прикачување на
ножот
15.2.1
Вадење на ножот
► Исклучете ја косилката за трева.
► Извлечете го куплунгот на кабелот за
продолжување од мрежниот приклучок на
косилката за трева.
► Навалете ја косилката за трева на страна и
спуштете ја.
► Ножот (1) се држи со едната рака.
► Отшрафете ја завртката (2) во насока на
стрелката и извадете ја заедно со држачот
(3).
► Извадете го ножот (1).
► Фрлете ги завртката (2) и држачот (3).
Користете нова завртка и подлошка за
прикачување на ножот (1) и нов држач.
15.2.2
Прикачување на ножот
► Исклучете ја косилката за трева.
► Извлечете го куплунгот на кабелот за
продолжување од мрежниот приклучок на
косилката за трева.
► Навалете ја косилката за трева на страна и
спуштете ја.
► Се чистат контактната површина на ножот и
приклучокот на ножот.
македонски
535

Advertisement

loading