Samsung RB33R Series User Manual page 334

Hide thumbs Also See for RB33R Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 146
Ракување со вашиот фрижидер
Овие производи не се соодветни за
обвиткување храна:
Украсна хартија, хартија што не се масти, целофан, ќеси
за ѓубре и користени ќеси за пазарење.
Овие производи се соодветни за
обвиткување храна:
Пластична фолија, полиетиленска фолија,
алуминиумска фолија и садови за замрзнување.
Овие производи може да ги купите во локалните
продавници.
Овие производи се соодветни за
запечатување на обвитканата храна:
Гумени ленти, пластични штипки, конец, самолеплива
лента отпорна на ниски температури или слични
материјали. Ќесите и полиетиленската фолија може да
се запечатат со уред за запечатување фолии.
Период на чување на замрзнатата храна
Периодот на чување зависи од видот на храната. Ако
температурата е поставена на -18 °C:
Свежа живина (цела кокошка), свежо месо
(кременадли, печење): до 12 месеци
Риба (парчиња риба, зготвена риба), свежи морски
ракчиња, школки, лигњи: до 6 месеци
Пица, колбас: до 2 месеци.
Периодот на чување може да се провери на веб-
страницата на FDA (http://www.fda.gov/).
ВНИМАНИЕ
Ако не се придржувате до периодот за чување, тогаш
можно е да дојде до труење од храна.
42
Македонски
RB7000J_DA68-03846L-00_MK.indd 42
Купување и складирање на брзо-замрзната
храна
Кога купувате замрзната храна треба да обрнете
внимание на следното:
Проверете дали пакувањето е оштетено.
Проверете го датумот до кој може да се купи
производот.
Температурата на замрзнувачот во супермаркетот
треба да биде -18 °C или пониска. Доколку не е,
тогаш периодот на чување на замрзнатата храна е
намален.
Купете ја брзо-замрзнатата храна на крај. Завиткајте
ја храната во весник или ставете ја во ладна торба и
однесете ја дома.
Кога ќе стигнете дома, веднаш ставете ја брзо-
замрзнатата храна во комората за замрзнување.
Конзумирајте ја замрзнатата храна пред да истече
крајниот рок.
Одмрзнување замрзната храна
Во зависност од видот и примената, изберете една од
следните опции:
На собна температура.
Во фрижидерот. Во електрична рерна, со/без
вентилатор за топол воздух.
Во микробранова печка.
ЗАБЕЛЕШКА
Не замрзнувајте храна што почнала да се
одмрзнува или веќе се одмрзнала. Храната не
треба повторно да се замрзне сè додека не се
подготви (варење или пржење).
Не ги складирајте замрзнатите производи подолго
од максималниот период за складирање.
2019-02-25
8:08:37

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Rb36r seriesRb38r seriesRb41r seriesRb41/38Rb36/33

Table of Contents