•
За да постигнете најдобри перформанси на производот:
- Не ставајте ја храната блиску пред отворите за вентилација
на задниот дел од уредот, затоа што тоа може да го попречи
слободното струење на воздухот во фрижидерот.
- Правилно завиткајте ја храната или ставете ја во херметички
затворени садови пред да ја ставите во фрижидерот.
- Придржувајте се кон роковите на чување и роковите на траење
на замрзнатите производи.
- Доколку не планирате да бидете отсутни повеќе од три недели,
нема потреба да го исклучувате фрижидерот од струја. Сепак,
доколку сте отсутни повеќе од три недели, отстранете ја сета
храна и мраз од кофата за мраз, исклучете го фрижидерот,
затворете го вентилот за вода, избришете го вишокот влага во
внатрешноста и оставете ги вратите отворени за да спречите
создавање на непријатни мириси и мувла.
•
Гаранција за услуга и модификација.
- Промените или модификациите направени од трето лице на
овој завршен уред не се опфатени со гаранцијата на Samsung,
ниту Samsung сноси одговорност за безбедносните проблеми и
штетите настанати како резултат на модификациите направени
од трето лице.
•
Не блокирајте ги отворите за вентилација во фрижидерот.
- Ако отворите за воздух се затворат, особено со пластична кеса,
фрижидерот може премногу да се излади. Ако овој период на
ладење трае предолго, филтерот за вода може да се скрши и
може да предизвика истекување на водата.
•
Користете го само апаратот за правење мраз испорачан со
фрижидерот.
RB7000J_DA68-03846L-00_MK.indd 21
21
Македонски
2019-02-25
8:08:33