•
Уредот може да го користат деца постари од 8 години, како и
лица со намалени физички, сетилни или ментални способности,
недоволно искусни или обучени лица, доколку бидат надгледувани
или им се дадени упатства за користење на апаратот на безбеден
начин и доколку им се објаснат можните опасности.
Децата не смеат да си играат со уредот. Децата не смеат да го
чистат и да го одржуваат уредот без надзор.
•
Ако кабелот за струја е оштетен, тој мора да биде заменет од
страна на производителот, негов овластен сервисер или други
квалификувани лица за да се спречат можни опасности.
•
Приклучокот мора да биде лесно достапен за да се овозможи брзо
исклучување на уредот од напојувањето во итни случаи.
- Не смее да биде на површината спроти задната страна на
уредот.
•
Не чувајте експлозивни супстанци како на пример лименки со
аеросол со запаливо гориво во уредот.
•
Ако производот е опремен со LED ламба, немојте да ги
демонтирате капаците на ламбата или LED ламбата.
- Контактирајте со најблискиот сервисен центар.
- Користете ги само LED ламбите од производителот или
претставниците на сервисниот центар.
•
Треба да се користат новите црева што се испорачуваат со уредот,
а старите црева не треба повторно да се употребуваат.
•
Доводот за вода на фрижидерот поврзувајте го само во систем за
снабдување на вода за пиење. За правилно функционирање на
апаратот за правење мраз, притисокот на водата треба да биде од
206 до 861 kPa (30 - 125 psi).
RB7000J_DA68-03846L-00_MK.indd 7
7
Македонски
2019-02-25
8:08:32