Безбедносни информации
•
Никогаш не гледајте директно во ултравиолетовата LED ламба
подолг временски период.
- На овој начин може да дојде до надразнување на очите како
резултат на ултравиолетовите зраци.
•
Не ставајте ги полиците наопаку. Стопирачот за полица може да не
работи.
- Може да дојде до телесна повреда како резултат на паѓање на
стаклото на полицата.
•
Држете ги прстите подалеку од областите на „штипнување".
Празниот простор помеѓу вратите и кујнскиот елемент е обично
мал. Внимавајте при отворање на вратите кога децата се во
близина.
•
Ако се забележи истекување на гас, избегнувајте отворен пламен
или потенцијални извори на палење и проветрете ја неколку
минути просторијата во којашто е поставен уредот.
- Не допирајте ги уредот или струјниот кабел.
- Не користете вентилатор.
- Искра може да доведе до експлозија или пожар.
•
Шишињата треба да се чуваат блиску едно до друго, така што нема
да паднат.
•
Овој производ е наменет само за чување храна во домашни услови.
•
Немојте да ставате прсти или други предмети во дупката на
диспензерот за вода, каналот за мраз и кофата на апаратот за
правење мраз.
- Тоа може да предизвика телесна повреда или материјална
штета.
•
Не обидувајте се самите да го поправате, демонтирате или
менувате фрижидерот.
•
Не користете други осигурувачи (како бакарна, челична жица итн.)
освен стандардните осигурувачи.
18
Македонски
RB7000J_DA68-03846L-00_MK.indd 18
2019-02-25
8:08:32