Регулација На Висината На Косењето; Употреба На Машината; Воведни Операции - Stiga Cruiser 430 Li 60 Series Operator's Manual

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 119
.
5.3
РЕГУЛАЦИЈА НА ВИСИНАТА НА КОСЕЊЕТО
Со подигање и спуштање на шасијата, тревата
може да се коси на различни висини.
Изведувајте ја операцијата кога уредот со
сечивото мирува.
Регулацијата на висината за косење се изведува
со помош на дадените рачки (сл.10.A). Сите четири
тркала треба да се регулираат на иста висина.
6.
УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
Безбедносните одредби што треба да
ги следите се дадени во поглавје 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да избегнете
сериозни ризици или опасности.
6.1
ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Пред да започнете со работа, неопходно е да
спроведете серија контроли и операции за
да обезбедите дека работата ќе се одвива на
ефикасен начин и со максимална безбедност:
Уверете се дека безбедносниот
клуч не е на своето место.
Ставете ја машината хоризонтално
и стабилна на теренот.
6.1.1
Контрола на батеријата
Пред да ја користите машината за првпат
по купувањето, оставете батеријата да
се наполни до крај согласно насоките
дадени во упатството за батеријата.
Пред секоја употреба, проверете ја состојбата
на полначот за батеријата следејќи ги насоките
посочени во упатството за батеријата.
6.1.2
Подготовка на машината за работа
ЗАБЕЛЕШКА Оваа машина дозволува косење на
тревникот на различни начини. Пред да започнете
со работа, потребно е да ја поставите машината
во правецот како што имате намера да косите.
a.
Поставување за косење и собирање
на тревата во вреќата за собирање:
1.
Подигнете ја заштитата за заден испуст (сл.11.A)
и прикачете ја правилно вреќата за собирање
(сл.11.B) како што е посочено на сликата.
2.
Кај моделите со страничен испуст:
проверете дали заштитата со страничниот
испуст (сл.12.C) е спуштена.
b.
Подготовка за косење и заден
испуст на тревата врз земјата:
1.
Извадете ја вреќата за собирање и
проверете дали заштитата со задниот
испуст (сл.12.A) е стабилно спуштена.
Кај моделите со страничен испуст:
2.
проверете дали заштитата со страничниот
испуст (сл.12.C) е спуштена.
c.
Подготовка за косење и дробење на
тревата (функција „сечкање"):
1.
Подигнете ја заштитата на задниот испуст
(сл.13.A) и вметнете го клинот на дефлекторот
(сл.13.B) во отворот за празнење.
2.
Фиксирајте со вметнување на двата
клина (сл.13.C) во предвидените отвори
до крај за да предизвикате движење на
забецот за закачување (сл.13.D).
3.
Кај моделите со страничен испуст:
проверете дали заштитата со страничниот
испуст (сл.12.C) е спуштена.
За да го извадите граничникот на дефлекторот:
1.
Подигнете ја заштитата на
задниот испуст (сл.13.A).
2.
Притиснете во центарот за да го
откачите забецот (сл.13.D).
d.
Подготовка за косење и страничен
испуст на тревата врз земјата:
1.
Подигнете ја заштитата на задниот испуст
(сл.14.A) и вметнете го клинот на дефлекторот
(сл.14.B) во отворот за празнење.
Фиксирајте со вметнување на двата
2.
клина (сл.14.C) во предвидените отвори
до крај за да предизвикате движење
на забецот за закачување (сл.14.D).
3.
Турнете ја внимателно безбедносната
рачка (сл.14.E) и подигнете ја заштитата
за страничниот испуст (сл.14.F).
Вметнете го дефлекторот за
4.
страничниот испуст (сл.14.G).
5.
Затворете ја заштитата со страничниот
излез (сл.14.F) за да може да се блокира
дефлекторот со страничниот испуст (сл.14.G).
За да го извадите граничникот на дефлекторот:
1.
Подигнете ја заштитата на
задниот испуст (сл.14.A).
2.
Притиснете во центарот за да го
откачите забецот (сл.14.D).
6.1.3
Регулација на висината на косењето
Регулирајте ја висината на косење како
што е посочено во (пасус 5.3).
6.1.4
Прилагодување на навалувањето
на рачката (Сл.3/4)
Изведувајте ја операцијата кога уредот со
сечивото мирува.
MK - 7

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Cruiser 480 li 60 seriesCruiser 530 li 60 series

Table of Contents