Регулација На Висината На Косењето; Употреба На Машината; Воведни Операции - Stiga CR 430 Li 80 Series Operator's Manual

Pedestrian-controlled walk-behind battery powered lawn mower
Hide thumbs Also See for CR 430 Li 80 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 139
1.
Палење на машината. Притиснете го
копчето (сл.14.A), екранот (сл.14.B) се пали
и машината е подготвена за употреба.
ЗАБЕЛЕШКА Палењето на машината
е можно само ако рачките за присуство
на операторот и за погонот се пуштени.
ЗАБЕЛЕШКА Ако машината не
се користи, екранот се гасне по 15
секунди и треба да ја повторите
горепосочената операција.
2.
Вклучување на уредот со сечивото.
ЗАБЕЛЕШКА Вклучувањето на уредот
со сечивото е можно само ако рачката
за присуство на оператор е притисната
кон ракофатот (видете пасус 6.3).
3.
Исклучување на уредот со сечивото.
Со вклучен уред со сечивото,
притиснете го копчето за палење
(сл.14.A) и уредот со сечивото ќе
застане, но машината ќе работи.
5.3.3
Рачка за вклучување на погонот
Го активира движењето на тркалата и
дозволува движење на машината.
Активиран погон.
За да ја придвижите машината:
a. Притиснете една од двете рачки
за присуство на операторот
(сл.13.A) кон ракофатот.
b. Повлечете една од двете рачки
за вклучување на погонот
(сл.13.В) кон ракофатот.
Може да ја регулирате брзината на движење
со помош на копчето за избор (сл.14.С).
Може да се изберат 6 различни нивоа на брзина.
1.
Максимална брзина (околу 5 км/ч).
2.
Минимална брзина (околу 2,5 км/ч).
Со секои две „поместувања" на копчето за избор
(сл.14.С) доаѓа до менување на брзината на
движење што се гледа на екранот прикажано
со индикаторот со цртички (сл.14.С1).
ЗАБЕЛЕШКА Последното избрано ниво на брзина
останува наместено и по гаснење на машината.
ВАЖНО За да избегнете оштетување
на преносот, избегнувајте да ја влечете
машината назад со вклучен погон.
5.3.4
Копче „ЕКО"
Функцијата „ЕКО" овозможува заштеда на
енергија во текот на косењето на тревата и
оптимална автономија на батеријата.
Притиснете го копчето (сл.14.D) за да ја активирате
или дезактивирате функцијата „Еко".
Кога функцијата е активна, на екранот
се прикажува индикацијата „Е".
Оваа функција се дезактивира секојпат кога ќе
се пушти рачката за присуство на оператор.
ЗАБЕЛЕШКА Употребата на функцијата „ЕКО"
не се препорачува во услови на отежнато косење
(косење на густа, висока или мокра трева).
5.4
РЕГУЛАЦИЈА НА ВИСИНАТА НА КОСЕЊЕТО
Со подигање и спуштање на шасијата, тревата
може да се коси на различни висини.
Изведувајте ја операцијата кога уредот со
сечивото мирува.
• Тип „I"
• Регулацијата на висината за косење се
изведува со помош на дадените рачки
(сл.15.A). Сите четири тркала треба да се
регулираат на иста висина.
• Тип „II"
• Регулацијата на висината за косење се
постигнува со притискање на копчето
(сл.16.A) и со подигнување и спуштање на
шасијата со помош на ракофатот (сл.16.B)
до саканата позиција.
6.
УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
Безбедносните одредби што треба да
ги следите се дадени во поглавје 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да избегнете
сериозни ризици или опасности.
6.1
ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Пред да започнете со работа, неопходно е да
спроведете серија контроли и операции за
да обезбедите дека работата ќе се одвива на
ефикасен начин и со максимална безбедност:
Уверете се дека безбедносниот
клуч не е на своето место.
Ставете ја машината хоризонтално
и стабилна на теренот.
6.1.1
Контрола на батеријата
Пред да ја користите машината за првпат
по купувањето, оставете батеријата да
се наполни до крај согласно насоките
дадени во упатството за батеријата.
Пред секоја употреба, проверете ја состојбата
на полначот за батеријата следејќи ги насоките
посочени во упатството за батеријата.
MK - 7

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Cs 430 li 80 series

Table of Contents