Samsung WW9TA Series User Manual page 642

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Пред да започнете
Превртете ги наопаку алиштата со копчиња и вез
Ако патентите на панталоните или јакните се отворени при перењето, може да дојде до оштетување на
барабанот. Патентите треба да бидат затворени и обложени со лента.
Алиштата со долги ленти може да се заплеткаат со другите алишта. Не заборавајте да ги врзете лентите
пред да започнете со перењето.
ЧЕКОР 3 - Употребувајте мрежа за перење
Градниците (што се перат со вода) мора да бидат ставени во мрежа за перење. Металните делови од
градниците може да го пробијат материјалот и да ги исцепат другите алишта.
Мали и лесни алишта како чорапи, ракавици, хулахопки и шамивчиња може да се заглават околу вратата.
Ставете ги во мала мрежа за перење.
Немојте да ја перете само мрежата за перење без други алишта. Ова може да предизвика ненормални
вибрации кои може да ја поместат машината за перење при што може да дојде до повреда.
ЧЕКОР 4 - Претперење (ако е потребно)
Изберете ја опцијата Претперење за избраниот циклус ако облеката е многу валкана. Не користете ја опцијата
Prewash (Претперење) кога рачно додавате детергент во барабанот.
ЧЕКОР 5 - Одредете го капацитетот на полнење
Немојте да ја преполнувате машината за перење. Преполнувањето може да предизвика неправилно перење
од страна на машината за перење. Прочитајте на страница 39 за капацитетот на полнење за типот на алишта.
ЗАБЕЛЕШКА
При перење постелнина или навлаки, времетраењето на перењето може да биде продолжено или може да
се намали ефикасноста на центрифугата. За постелнина или навлаки, препорачаната максимална брзина на
центрифугирање е 800 вртежи во минута, а капацитетот на полнење е 2 kg или помалку.
ВНИМАНИЕ
Неурамнотеженоста на алиштата за перење може да ја намали ефикасноста на центрифугата.
Погрижете се алиштата за перење да бидат целосно ставени во барабанот и да не бидат заглавени во
вратата.
Немојте да ја треската вратата. Полека затворете ја вратата. Во спротивно, вратата може да не се затвори
правилно.
ЧЕКОР 6 - Користете соодветен ви на детергент
Видот на детергентот зависи од видот на ткаенината (памук, синтетика, деликатни ткаенини, волна), бојата,
температурата на перење и видот на валканоста. Секогаш употребувајте детергент за перење кој „не пени"
премногу и кој е наменет за автоматските машини за перење.
30 Македонски
WW80TA026TT_04218B-03_MK(Indicative).indd 30
2021/2/27 15:43:48

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ww8ta series

Table of Contents