Помош И Совети - Electrolux LRS4DF18S User Manual

Table of Contents

Advertisement

Available languages

Available languages

  • ENGLISH, page 1
52
www.electrolux.com
5.6 DYNAMICAIR
Преградата на фрижидерот е
опремена со уред кој овозможува брзо
ладење на храната и овозможува
поизедначена температура во
преградата.
Овој уред се активира автоматски по
потреба.
6. ПОМОШ И СОВЕТИ
6.1 Совети за заштеда на
енергија
• Најефикасна употреба на енергија
е обезбедена во конфигурацијата
со фиоките во долниот дел на
апаратот и со рамномерно
распоредени полици. Позицијата на
корпите на вратите не влијае на
потрошувачката на енергија.
• Не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго
отколку што е неопходно.
• Не поставувајте превисока
температура за штедење енергија
освен ако тоа не го бараат
карактеристиките на храната.
• Доколку собната температура е
висока и регулаторот за
температура е на ниска
температура и апаратот е целосно
наполнет, компресорот може да
работи непрестано, што ќе
предизвика формирање слана или
мраз на испарувачот. Во овој
случај, поставете го регулаторот на
температурата на повисока
температура за да дозволите
автоматско одмрзнување и да
заштедите енергија на овој начин.
• Обезбедете добро проветрување.
Не покривајте ги решетките или
отворите за проветрување.
Можно е, исто така, рачно да го
вклучите апаратот кога е потребно
(погледнете во „Функција
DYNAMICAIR").
Вентилаторот работи само
кога е затворена вратата.
6.2 Совети за ладење свежа
храна
• Добра поставка на температурата
што обезбедува зачувување на
свежата храна е температура
пониска или еднаква на +4°C.
Поставка за повисока температура
во апаратот може да доведе до
помала трајност на храната.
• Покријте ја храната со амбалажа за
да ја зачувате нејзината свежина и
арома.
• Секогаш користете затворени
садови за течности и за храна за да
ги избегнете миризбите во
преградата.
• За да избегнете вкрстена
контаминација меѓу готвената и
суровата храна, покријте ја
готвената храна и одвојте ја од
суровата.
• Се препорачува храната да се
одмрзнува во фрижидерот.
• Не ставајте топла храна во
апаратот. Уверете се дека е
изладена на собна температура
пред да ја ставите.
• За да спречите фрлање на храната,
новите залихи храна треба секогаш
да се ставаат зад старите.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents