Помош И Совети - Electrolux LNT8TE18S3 User Manual

Table of Contents

Advertisement

Available languages

Available languages

  • ENGLISH, page 1
6. ПОМОШ И СОВЕТИ
6.1 Совети за заштеда на
енергија
• Замрзнувач: Внатрешната
конфигурација на апаратот е онаа
која обезбедува најефикасна
употреба на енергија.
• Фрижидер: Најефикасна употреба
на енергија е обезбедена во
конфигурацијата со фиоките во
долниот дел на апаратот и со
рамномерно распоредени полици.
Позицијата на корпите на вратите
не влијае на потрошувачката на
енергија.
• Не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго
отколку што е неопходно.
• Замрзнувач: Колку е постудена
поставката за температура, толку е
повисока потрошувачката на
енергија.
• Фрижидер: Не поставувајте
превисока температура за штедење
енергија освен ако тоа не го бараат
карактеристиките на храната.
• Доколку собната температура е
висока и регулаторот за
температура е на ниска
температура и апаратот е целосно
наполнет, компресорот може да
работи непрестано, што ќе
предизвика формирање слана или
мраз на испарувачот. Во овој
случај, поставете го регулаторот на
температурата на повисока
температура за да дозволите
автоматско одмрзнување и да
заштедите енергија на овој начин.
• Обезбедете добро проветрување.
Не покривајте ги решетките или
отворите за проветрување.
• Погрижете се прехрамбените
производи во апаратот да
овозможуваат кружење на воздухот
низ предвидените отвори во
задниот внатрешен дел на
апаратот.
6.2 Совети за замрзнување
• Активирајте ја функцијата
FastFreeze најмалку 24 часа пред
да ја ставите храната во
преградата за замрзнување.
• Пред замрзнувањето, завиткајте ја
и запечатете ја свежата храна во:
алуминиумска фолија, пластична
фолија или кеси, херметички
садови со капак.
• За поефикасно замрзнување и
одмрзнување поделете ја храната
во мали порции.
• Се препорачува ставање етикети и
датуми на целата замрзната храна.
Тоа ќе помогне за идентификување
на храната и за да се знае кога
треба да се искористи пред да се
расипе.
• Храната треба да е свежа пред да
се замрзне за да се зачува добриот
квалитет. Особено овошјето и
зеленчукот треба да се замрзнат
откако ќе се наберат за да се
зачуваат сите нивни хранливи
материи.
• Не замрзнувајте шишиња или
лименки со течности, особено
пијалоци кои содржат јаглерод
диоксид - може да експлодираат
при замрзнувањето.
• Не ставајте топла храна во
преградата за замрзнување.
Изладете ја на собна температура
пред да ја ставите во преградата.
• За да се избегне зголемување на
темпертурата на веќе смрзнатата
храна, не ја ставјте веќе смрзнатата
храна директно до неа. Ставете
храна на собна температура во
делот на преградата за
замрзнување кадешто нема
замрзната храна.
• Немојте да јадите коцки мраз, мраз
или лижавчиња мраз веднаш после
вадење од замрзнувачот. Опасност
од замрзнатини.
• Не замрзнувајте ја повторно
одмрзнатата храна. Доколку
храната се одмрзнала, згответе ја,
изладете ја и потоа замрзнете ја.
МАКЕДОНСКИ
67

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents