Electrolux LRS4DF18S User Manual page 48

Table of Contents

Advertisement

Available languages

Available languages

  • ENGLISH, page 1
48
www.electrolux.com
Екранот се исклучува.
2. Извадете го приклучникот за струја
од штекерот.
4.4 Регулирање на
температурата
Поставете ја температурата на
апаратот со притискање на
регулаторите за температура.
Препорачаната поставена
температура е:
• +4°C за фрижидерот
Опсегот на температурата може да
варира меѓу 2°C и 8°C за фрижидерот.
Показните светла за температура ја
покажуваат поставената температура.
Поставената температура
ќе биде достигната за 24
часа.
По снемување струја
поставената температура
се зачувува.
4.5 функција FastCool
Ако треба да ставите големо
количество топла храна во преградата
на фрижидерот, на пример откако сте
се вратиле од пазарење продукти,
предлагаме да ја активирате
функцијата FastCool за побрзо да ги
изладите производите и да избегнете
загревање на другата храна што е
веќе во фрижидерот.
1. Притискајте го копчето Mode сè
додека не се појави соодветниот
симбол.
Показното светло FastCool трепка.
2. Притиснете OK за да потврдите.
Прикажано е показното светло
FastCool. Автоматски се активира
вентилаторот за времетраењето на
функцијата.
Оваа функција се исклучува
автоматски по околу 6 часа.
Може да ја деактивирате функцијата
FastCool пред нејзиното автоматско
завршување со повторување на
процедурата или со избирање друга
поставена температура на
фрижидерот.
4.6 Holiday режим
Овој режим ви овозможува да го
одржувате апаратот празен во текот
на долг одмор намалувајќи го
создавањето лоши мириси.
1. Притискајте го копчето Mode сè
додека не се појави соодветниот
симбол.
Показното светло Holiday трепка.
Показното светло за температура ја
покажува поставената температура.
2. Притиснете OK за да потврдите.
Прикажано е показното светло Holiday.
Режимот се исклучува
откако ќе изберете друга
температура.
4.7 DYNAMICAIR функција
Преградата на фрижидерот е
опремена со уред кој овозможува брзо
ладење на храната и овозможува
поизедначена температура во
преградата.
Овој уред се активира автоматски по
потреба или рачно.
За да ја вклучите функцијата:
1. Притискајте го копчето Mode сè
додека не се појави соодветниот
симбол.
Показателот DYNAMICAIR трепка.
2. Притиснете го копчето OK за да
потврдите.
Прикажан е показателот
DYNAMICAIR .
За да ја исклучите функцијата,
повторете ја процедурата додека не
се исклучи показателот DYNAMICAIR .
Ако функцијата се
вклучува автоматски,
показателот DYNAMICAIR
не се прикажува (видете во
„Секојдневна употреба").
Вклучувањето на
функцијата DYNAMICAIR ја
зголемува потрошувачката
на енергија.
Вентилаторот запира кога вратата е
отворена и се вклучува повторно
веднаш по нејзиното затворање.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents