Milwaukee AS-30 MAC Original Instructions Manual page 88

Hide thumbs Also See for AS-30 MAC:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 12
однесете во сервис или да го вратите кај
дистрибутерот.
Веднаш исклучете го апаратот, ако во него се
формира пена или од него истекува вода.
Апаратот не треба да се користи како пумпа
за вода. Апаратот е погоден за вшмукување
на мешавина од воздух и вода.
Поврзете го апаратот во правилно заземјена
електрична мрежа. Штекерот и продолжниот
кабел треба да имаат функционален
заштитен проводник.
Погрижете се за доволно вентилација на
работното место.
Не газете врз апаратот. Тоа може да го
преврти и да го оштети. Опасност од
повреда.
Користете го приклучокот на апаратот само
за целите, кои се опишани во упатството.
БЕЛЕШКИ ЗА ОПАСНОСТИ
Електрични делови
ОПАСНОСТ
Во горниот дел од апаратот има делови кои
се под напон.
Контакт со такви делови може да доведе до
тешки, дури и до смртоносни повреди.
Никогаш не прскајте со вода врз горниот дел
од апаратот.
Празен ред
ОПАСНОСТ
Струен удар поради оштетен кабел за
напојување.
Допирањето на оштетен кабел за
напојување може да доведе до тешки, дури
и до смртоносни повреди.
Не го оштетувајте кабелот за напојување
(не го преоптоварувајте, не го влечете или
не го прекршувајте).
174
МАКЕДОНСКИ
Редовно проверувајте дали кабелот за
напојување е оштетен или дали покажува
знаци на стареење.
Ако кабелот за напојување е оштетен, за да
се спречи опасност, кабелот треба да се
замени од страна на дистрибутер, овластен
од фирмата Milwaukee или од друго
стручно лице.
Никогаш не го замотувајте кабелот за
напојување околу прстите или околу други
делови од телото.
Опасна прашина
ОПАСНОСТ
Опасни материи.
Вшмукувањето на опасни материи може да
доведе до тешки, дури и до смртоносни
повреди.
Со овој апарат не треба да се вшмукуваат
подолу наведените материи:
вжештени материјали (запалени цигари,
вжештена пепел и др.)
запаливи, експлозивни или абразивни
течности (на пр. бензин, растворувачи,
киселини, бази и др.)
запалива, експлозивна прашина (на пр.
магнезиумска или алуминиумска прашина и др.)
Резервни делови и додатоци
Претпазливо
Резервни делови и додатоци.
Користењето на неоргинални резервни делови и додатоци може да ја
наруши безбедноста на апаратот.
Користете само оригинални резервни делови и додатоци од фирмата
Milwaukee. Подолу се наведени резервните делови кои се значајни за
работната безбедност на корисникот или за функционирање на апаратот:
Опис.
Број на нарачка
Плоснат филтер PTFE, 1 парче.
4932 4596 87
Филтер торба од неткаен текстил, 5
4932 459689
парчиња.
Торба за еднократна употреба, 5
4932 4596 90
парчиња.
Филтер за воздух за ладење на
4932 4596 88
моторот, 1 парче.
Експлозивна или запалива атмосфера
Претпазливо
Овој апарат не е погоден за користење во експлозивна или запалива
атмосфера или во атмосфера, во која испарливи течности или запаливи
гасови или пареа можат да креираат слична опасност.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Оваа мобилна правосмукалка е дизајнирана, развиена и внимателно
тестирана за ефикасно и безбедно работење, под услов кога правилно се
одржува и се користи во согласност со следните упатства.
Апаратот е наменет само за комерцијално користење, на пр. во хотели,
училишта, болници, фабрики, продавници, канцеларии или за изнајмување.
Апаратот е исто така погоден и за индустриско користење, на пр. во фабрики,
градилишта или во работилници.
Несреќите, како резултат на неправилното користење можат да бидат
спречени само од страна на корисникот.
Апаратот е погоден за всмукување на сув, не запалив прав и на течности.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен пропишаниот за
нормална употреба.
УПОТРЕБА НА АПАРАТОТ И РАБОТЕЊЕ
Претпазливо
Оштетување на апаратот од несоодветен мрежен напон.
Апаратот може да се оштети ако го поврзете кон несоодветен мрежен напон.
• Обратете внимание дали напонот кој е наведен на натписната табличка,
одговара на напонот во струјното коло.
Стартување и употреба на апаратот
Проверете дали е исклучен прекинувачот (на позиција 0). Проверете дали во
апаратот се поставени соодветни филтри. Потоа поврзете го цревото за
вшмукување во влезниот отвор, така што ќе го притиснете цревото во
отворот за да се фиксира. Потоа поврзете ги двете цевки со рачката од
цревото. Завртете ги цевките за да се осигурате дали тие се цврсто
поврзани. Врз цевката поставете ја соодветната млазница. Одберете ја
млазницата според материјалот кој што треба да биде вшмукуван. Ако
апаратот се користи за вшмукување на прашина во врска со апарати кои
создаваат прашина, крајот од цревото за вшмукување треба да се поврзе со
соодветен адаптер. Внимавајте подесувањето на дијаметарот од цревото да
одговара на постоечкиот дијаметар од цревото. Вклучете го приклучокот во
соодветен штекер. Ставете го прекинувачот на позиција 1, за да го
стартувате моторот.
Позиција на прекинувачот I: Вклучување на
апаратот
Позиција на прекинувачот
:
Исклучување на апаратот.
Утичница за постојана струја Позиција на
прекинувачот
: Вклучување на
автоматски режим за вклучување/
исклучување.
Позиција на прекинувачот I+
Исклучено: Вклучување на апаратот со
деактивирана функција за автоматско
чистење на филтерот
Позиција на прекинувачот I
+
Исклучено: Активирање на режим
Автоматско вклучување/исклучување при
деактивирана функција за автоматско
чистење на филтерот. Регулирање на
брзината со посебен ротирачки
прекинувач.
Дијаметарот на цревото треба да одговара со подесувањето за дијаметар на
цревото.
ø21
ø21
ø27
ø27
ø32
ø32
ø36
ø36
ø38
ø38
Автоматизација за вклучување/исклучување на електрични
инструменти*)
Претпазливо
Приклучок за додатоци.
Приклучок за додатоци е предвиден за дополнителни електрични апарати, за
повеќе информации погледете во Технички податоци.
• Пред да поврзете дополнителен апарат, правосмукалката и
дополнителниот апарат треба да се исклучени.
• Прочитајте го и придржувајте се кон упатството за користење и упатствата
за безбедност на дополнителниот апарат.
Апаратот има вграден заземјен штекер. Таму може да се поврзе надворешен
дополнителен апарат. Кога прекинувачот е на позиција, штекерот е под
постојан напон. т.е. апаратот може да се користи како продолжен кабел.
Во позиција
правосмукалката може да се вклучува и исклучува преку
поврзаниот електричен инструмент. Во тој случај прашината може да се
вшмукува таму каде што се појавува. Може да се поврзат само апарати кои
создаваат прашина и се дозволени за употреба.
Максималната дозволена потрушувачка на струја од поврзаниот апарат е
наведена во делот „Технички податоци".
Пред да го поставите прекинувачот во позиција
, треба да се осигурате
дали е исклучен апаратот кој е поврзан кон штекерот за додатоци.
Auto-Clear
Апаратот е снабден со автоматски систем Auto-Clear за чистење на
филтерот. За време на работењето се врши автоматско чистење на
филтерот за постигнување на оптимален капацитет на вшмукување.
При работење на апаратот со особено многу прашина или ако капацитетот
на вшмукување се намалува од друга причина, се препорачува
дополнително рачно чистење на филтерот.
• Исклучување на апаратот
• Со дланката затворете го отворот од млазницата или отворот за цревото
за вшмукување.
• Поставете го прекинувачот од апаратот на позиција „I" и оставете ја
правосмукалката да работи околу 10 секунди со затворен отвор за цревото
за вшмукување.
Ако капацитетот на вшмукување сеуште е намален и после тоа, извадете го
филтерот и маханички исчистете го или сменете го.
За одредено користење на апаратот, како што е вшмукување на течности, се
препорачува да се исклучи системот за автоматско чистење на филтерот. За
детали, погледнете во делот Вклучување на машината.
Контрола на протокот
Претпазливо
Проверете дали сите филтри се тука и дали се правилно монтирани.
Апаратот е снабден со систем за контрола на брзината на протокот на воздух
и на состојбата на филтерот за класа на прашина H*). Пред вшмукување
прашина со гранични вредности за максимална концентрација на работното
место, треба да се провери контролата на протокот на воздух.
За да го намалите протокот на воздух, држете го затворено цревото за
вшмукување кога работи моторот. После околу една секунда ќе започне да
свети LED-индикаторот на контролниот панел. После неколку секунди се
огласува звучен предупредувачки сигнал.
МАКЕДОНСКИ
175

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

As-42 mac

Table of Contents