Dremel Moto-Saw MS20-1/5 Original Instructions Manual page 117

Table of Contents

Advertisement

стационарен реЖиМ на работа
1. Погрижете се основата да биде безбедно прицврстена за
рамна работна површина со помош на приложените стеги.
Основата може да биде перманентно прицврстена за
работното постоље со обични шрафови низ 2 дупки што
се наоѓаат на врвот од основата. СЛИКА 1
2. НЕМОЈТЕ да седите или да се потпирате на основата.
Основата е наменета за потпирање на материјалот што
се сече.
3. Штом основата ќе биде обезбедена, прицврстете ја
на неа електромоторната пила: првин провлечете го
кабелот низ дупката на основата, а потоа едноставно
вметнете го уредот во основата. Електромоторната пила
е безбедно прицврстена кога уредот при рачна употреба и
стационарната основа се израмнети. СЛИКА 2-4
4. Во основата користете ја само електромоторната пила
Dremel. Не е предвидено на основата да се користат
други електрични алати.
5. За чиста работна средина и за подобра видливост, на
приклучокот за прашина приклучете правосмукалка.
6. Штом ќе го вметнете сечилото во склад со упатствата за
употреба, алатот е спремен за работа. СЛИКА 5-9
7. Вклучете го алатот и оставете го да ја постигне
вистинската брзина пред да отпочнете да го обработувате
парчето. НЕМОЈТЕ да вклучувате на „ON" и „OFF" додека
алатот е под оптоварување.
8. Притиснете ја папучата врз Вашето работно парче за
да оневозможите искокнување. За да ги минизирате
вибрациите, држете го Вашето работно парче со обете
раце близу до сечилото.
Погледнете го ПоглавЈето лиЧна
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
!
беЗбедност во овоЈ ПрираЧник.
9. Немојте прејако да го туркате Вашето работно парче кон
сечилото. Овие сечила се за деликатна примена. Затоа е
важно сечилото да има време да го пресече материјалот.
Прекумерниот притисок врз работното парче ќе доведе до
лом на сечилото.
10. Пред да почнете да работите на Вашиот проект,
направете неколку пробни сечења на отпаден материјал.
реЖиМ на работа со дрЖење в рака
1. Притискајте на копчето брзо деблокирање додека ја
тргате електромоторната пила од нејзината основа.
СЛИКА 13
2. Штом алатот ќе биде тргнат, електромоторната пила
можете да ја држите в рака. СЛИКА 14
3. Додека сечете во режимот на работа со држење в рака,
внимавајте на тоа цврсто да го држите алатот. СЛИКА 14
4. Пробајте да ја израмните површината на уредот со дното
на Вашето работно парче за да ги намалите вибрациите.
СЛИКА 15
корисни идеи и ПредлоЗи
За корисни совети и често поставувани прашања, посетете
нè на: www.dremel.com.
одрЖување
Превентивното одржување што го вршат неовластени
лица може да доведе до замена на внатрешните жици и
компоненти, кое може да предизвика сериозни опасности.
Ние Ви препорачуваме сервисирањето на сите алати да
се врши во сервисите на Dremel. За да избегнете повреди
поради ненадејно вклучување на алатот или електричен
шок, секогаш исклучете го алатот од штекер пред
сервисирање или чистење.
За да се иЗбегнат несреќи, Пред
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
!
Чистење секогаШ исклуЧете Ја
алатката и /или ПолнаЧот од иЗворот на струЈа.
Алатот најдобро се чисти со сув компримиран воздух. Секогаш
носете заштитни очила кога ги чистите алатките со компримиран водух.
Отворите за вентилација и прекинувачите мора да се
одржуваат чисти и без туѓи материи. Не обидувајте се да го
чистите алатот со пикање на остри предмети низ отворите.
одредени средства За Чистење и
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
!
растворуваЧи МоЖат да ги
оШтетат ПластиЧните делови. Некои од нив се: бензин,
јаглерод тетрахлорид, хлорирани растворувачи, амонијак и
детергенти за домаќинството кои содржат амонијак.
сервис и гаранциЈа
внатре неМа делови Што МоЖе да
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
!
ги сервисира корисникот.
Превентивното одржување што го вршат неовластени лица може
да има за резултат неисправно поврзување на внатрешните жици
и компоненти,кое, пак, може да предизивка сериозни опасности.
Ние Ви препорачување сервисирањето на сите алати да се
врши во сервисите на Dremel. СЕРВИСЕРИ: Пред
сервисирањето, исклучете ја алатката и/или полначот од
изворот на струја.
Овој продукт на DREMEL има гаранција во склад со
одредбите пропишани со закон/специфични за земјата;
оштетувањата поради нормалното користење и абење,
преоптоварување или непрописно користење се изземени од
гаранцијата.
Во случај на рекламација, алатот или полначот испратете ги
до Вашиот дистрибутер во нерасклопена состојба, заедно со
доказот за купување.
контакт со DREMEL
За повеќе информации во врска со асортиманот на фирмата
Dremel, поддршка и телефонски број посетете нè на www.
dremel.com.
Dremel Europe, P.O. Box 3267, 4800 DG Breda, Холандија
117
Чистење

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents