Инсталација На Телевизорот; Обезбедување На Соодветна Вентилација За Вашиот Телевизор; Предострожности За Инсталирање На Телевизорот - Samsung The Sero LS05T User Manual

Hide thumbs Also See for The Sero LS05T:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
02 Инсталација на телевизорот
Обезбедување на соодветна вентилација за вашиот телевизор
Оставете простор за проветрување околу производот.
Доколку не одржувате соодветна вентилација, тоа може
да предизвика пожар или проблем кај производот кој
ќе настане поради зголемување на неговата внатрешна
температура.
За инсталација, погрижете се да ги обезбедите
просторите прикажани на илустрацијата.
• Кога го инсталирате телевизорот со држач,
строго ви препорачуваме да користите делови
само од Samsung. Користењето делови од друг
производител може да предизвика неправилна
работа на производот или може да дојде до повреда
предизвикана од неисправност на уредот.
Предострожности за инсталирање на телевизорот
Користејќи го држачот испорачан со производот, монтирајте го The Sero на рамна површина.
Внимание: Повлекувањето, туркањето или качувањето на телевизорот може да
предизвика паѓање на телевизорот. Особено внимавајте вашите деца да не се
држат за телевизорот и да не го дестабилизираат. Ова движење може да доведе
до превртување на телевизорот, предизвикувајќи сериозни повреди или смрт.
Придржувајте се до сите безбедносни мерки кои се наведени во безбедносниот леток
кој се испорачува со вашиот телевизор.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Никогаш не го поставувајте телевизорот на нестабилно место. Телевизорот
може да падне и да предизвика сериозни повреди или смрт. Многу повреди, особено кај децата,
можат да се избегнат со преземање неколку едноставни мерки на претпазливост, како на пример:
• Секогаш користете комоди или масички или начини за поставување кои ги препорачува
производителот на телевизорот.
• Секогаш користете мебел што може безбедно да го држи телевизорот.
• Секогаш проверувајте дали телевизорот виси на работ од мебелот на кој е поставен.
• Секогаш поучувајте ги децата за опасностите од качување врз мебелот за да го дофатат
телевизорот или неговите копчиња.
• Секогаш поставувајте ги каблите поврзани во вашиот телевизор на начин на кој нема да
можете да се сопнете од нив, да ги повлечете или истргнете.
• Никогаш не го поставувајте телевизорот на нестабилно место.
• Никогаш не поставувајте го телевизорот на висок мебел (на пример, ормани или полици)
без да ги прицврстите и мебелот и телевизорот на соодветна подлога.
• Никогаш не поставувајте го телевизорот на ткаенини или други материјали што можат да се
стават помеѓу телевизорот и мебелот на кој е поставен.
• Никогаш не поставувајте предмети, како што се играчки и далечински управувачи, кои може да
ги предизвикаат децата да се качат врз телевизорот или мебелот на кој е поставен телевизорот.
При користење и преместување на телевизорот важат истите мерки на претпазливост
наведени погоре.
10 cm
10 cm
100 cm
10 cm
120 cm
Македонски - 7

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents