Download Print this page

Поврзување На Цевките За Ладење - Carrier 38QUS014DS2 Series Installation Manual

Multi system air conditioner multi system air conditioner
Hide thumbs Also See for 38QUS014DS2 Series:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
6. ПОВРЗУВАЊЕ НА ЦЕВКИТЕ ЗА ЛАДЕЊЕ
6.1 Мерки за претпазливост
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
• Теренското поврзување на цевките во целост
мора да го изврши лиценцирано техничко лице
и тоа мора да биде во согласност со локалните
и националните регулативи.
• Ако клима-уредот е монтиран во мала соба,
мора да се преземат мерки со цел да се спречи
концентрацијата на средството за ладење
во собата да го надмине безбедносното
ограничување во случај на негово протекување.
Ако средството за ладење протекува и неговата
концентрација го надмине соодветното
ограничување, тоа може да резултира
во опасност поради недостигот на кислород.
• При монтирањето на системот за ладење, уверете
се дека во колото за ладење не навлегува воздух,
прашина, влага или други материи. Загадувањето
на системот може да предизвика слабо работење,
висок притисок во колото за ладење, експлозија
или повреда.
• Веднаш проветрете ја областа ако има
протекување на средството за ладење при
монтажата. Протечениот гас за ладење е отровен
и запалив. Уверете се дека нема протекување
на средството за ладење по завршувањето
на монтажните работи.
Упатства за поврзување на цевките за
ладење
ПРЕТПАЗЛИВОСТ
• Цевката за разделување мора да биде
монтирана хоризонтално. Агол поголем од 10°
може да предизвика дефект.
• НЕ монтирајте ја цевката за поврзување пред
да ги монтирате и внатрешната и надворешната
единица.
• Изолирајте ги цевките за гас и течност за да
спречите протекување вода.
Чекор 1: пресечете ги цевките
При подготовката на цевките за ладење,
погрижете се правилно да ги пресечете
и проширите. Со тоа ќе овозможите
ефикасно работење и ќе ја намалите
потребата за одржување во иднина.
1. Измерете го растојанието помеѓу внатрешните
и надворешните единици.
2. Со помош на сечач за цевки, пресечете ја цевката
да биде малку подолга од измереното растојание.
МК-13
ПРЕТПАЗЛИВОСТ
НЕ деформирајте ја цевката при сечењето. Внимавајте
да не ја оштетите, дупнете или деформирате
цевката при сечењето. Ова драстично ќе ја намали
ефикасноста на единицата при загревање.
1. Уверете се дека цевката е пресечена под
совршен агол од 90°. Погледнете ја сл. 6.1
за примери за лошо сечење
Дијагонално
Чекор 2: Отстранете ги струготините.
Струготините може да влијаат врз
херметичкото запечатување при поврзување
на цевката за ладење. Тие мора во целост
да се отстранат.
1. Држете ја цевката под надолен агол за да
спречите паѓање на струготините во цевката.
2. Со користење на развртувач или алатка
за отстранување на струготините, отстранете
ги од пресечениот дел на цевката.
Цевка
Свртена
надолу
Чекор 3: Проширете ги краевите
на цевките
ЗАБЕЛЕШКА
За моделите со R32 средство за ладење, точките
за приклучок на цевките мораат да бидат поставени
надвор од просторијата.
Правилното проширување е од суштинско значење
за да се постигне херметичко запечатување.
1. По отстранувањето на струготините од
пресекот на цевката, затворете ги краевите со
селотејп за да спречите навлегување на други
материи во цевката.
2. Заштитете ја цевката со материјал за изолација.
3 Поставете ги навртките за проширување на
двете страни на цевката. Уверете се дека се
свртени кон точната насока, бидејќи нема да
може да ги поставите или да им ја смените
насоката по проширувањето. Види сл. 6.3
Навртка за проширување
Бакарна цевка
Грубо
Искривено
Сл. 6.1
Развртувач
Сл. 6.2
Сл. 6.3

Hide quick links:

Advertisement

loading