Bosch GSA 10,8 V-LI Professional Original Instructions Manual page 139

Hide thumbs Also See for GSA 10,8 V-LI Professional:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 12
OBJ_BUCH-1272-005.book Page 139 Wednesday, December 17, 2014 1:56 PM
Вметнување на листот за пилата (види слика B)
Свртете ја чаурата за блокирање 3 за околу 90° во правец
на стрелката и држете ја цврсто. Притиснете го листот за
пилата 1 во прифатот за листот на пилата 13. Повторно
отпуштете ја чаурата за блокирање 3.
 Проверете дали е стабилен листот за пила. Лабаво
поставениот лист за пила може да испадне и да ве
повреди.
За одредени работи, листот за пилата 1 може да се сврти
за 180° (запците покажуваат нагоре) и повторно да се
стави во првичната положба.
Вадење на листот за пилата (види слика C)
Свртете ја чаурата за блокирање 3 за околу 90° во правец
на стрелката и држете ја цврсто. Извадете го листот за
пилата 1.
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
 Користете само оригинални Bosch литиум-јонски
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричниот
апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе
до повреди и опасност од пожар.
Притиснете ја блокадата при вклучување 6 на лево, за да
го заштитите електричниот апарат од невнимателно
вклучување.
Наполнетата батерија 12 вметнете ја во дршката, додека
не се вклопи и не легне рамно во дршката.
Bosch Power Tools
Вклучување/исклучување (види слика D)
Притиснете ја блокадата при вклучување 6 на десно.
За вклучување на електричниот апарат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување 7 и држете го
притиснат.
За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 7.
Потоа притиснете ја блокадата при вклучување 6
повторно на лево.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Контрола на бројот на удари
Бројот на вртежите на вклучениот електричен апарат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување 7.
Потребниот број на удари е зависен од материјалот и
работните услови и може да се утврди со практичен обид.
Се препорачува намалување на бројот на удари кога
листот за пила ќе го поставите на делот што се обработува
како и при сечење на пластика и алуминиум.
Приказ за контрола на температурата/заштита од
преоптоварување
Црвениот LED-приказ 10 ви помага да ја заштитите
батеријата од прегревање и моторот од преоптоварување.
Доколку LED-приказот свети 10 непрекинато црвено,
температурата на батеријата е превисока и електричниот
апарат автоматски се исклучува.
– Исклучете го електричниот апарат.
– Оставете ја батеријата да се олади, пред да продолжите
со работата.
Доколку LED-приказот трепка 10 црвено, електричниот
апарат е блокиран и автоматски се исклучува.
– Извлечете го електричниот апарат од делот што се
обработува.
Штом се отстрани блокадата, електричниот апарат
продолжува да работи со поставениот број на удари.
Совети при работењето
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Совети
 При сечење на лесни градежни материјали,
внимавајте на законските одредби и препораки на
производителот на материјалот.
Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни материјали
итн. проверете дали на нив има туѓи тела како на пр.
клинци, шрафови и сл. и доколку има, отстранете ги.
Македонски | 139
1 609 92A 113 | (17.12.14)

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents