Samsung RSH7ZNRS User Manual page 171

Side by side refrigerator
Hide thumbs Also See for RSH7ZNRS:
Table of Contents

Advertisement

СТРОГИ ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ
ЗНАЦИ ЗА ВГРАДУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
• Не го вградувајте ладилникот на влажно
место или место каде што може да дојде
во контакт со вода.
- Пропаднатата изолација на електричните
делови може да предизвика електричен удар
или пожар.
• Не го поставувајте ладилникот на директна
сончева светлина и не го изложувајте на
топлина од шпорети, собни греалки или
други уреди.
• Не вклучувајте повеќе уреди на иста
повеќекратна утичница или продолжен
кабел.Ладилникот секогаш треба да биде
вклучен во своја самостојна електрична
утичница која има напон кој одговара на
напонот на ладилникот.
- Ова обезбедува најдобри перформанси
и спречува преоптеретување на куќните
електрични водови, што може да предизвика
пожар од прегреаните жици.
• Ако утичницата е лабава, не го вклучувајте
приклучокот.
- Постои ризик од електричен удар или пожар.
• Не користете кабел кој има пукнатини или
оштетувања од абразија по должината на
кабелот или на краевите.
• Не го виткајте кабелот прекумерно и не
ставајте тешки објекти на него.
• Не употребувајте аеросоли во близина на
ладилникот.
- Употреба на аеросоли во близина на ладилникот
може да предизвика експлозија или пожар.
• Овој ладилник мора да биде правилно
вграден и поставен во согласност со
упатството пред да се почне со употреба.
• Приклучете го приклучокот за струја во правилна
позиција така што кабелот да виси надолу.
- Ако го приклучите приклучокот за струја
обратно, жицата може да се искине и да
предизвика пожар или електричен удар.
• Осигурете се дека приклучокот не е смачкан
или оштетен од задниот дел на ладилникот.
• Кога го преместувате ладилникот, внимавајте
да не го прегазите или оштетите кабелот.
- Ова претставува опасност од пожар.
• Уредот мора да биде поставен така
што приклучокот да биде пристапен по
вградувањето.
• Ладилникот мора да биде заземјен.
- Мора да го заземјите ладилникот за да
спречите било какви протекувања на струја
или електрични удари предизвикани од
губитоци на струја од ладилникот.
• Никогаш не користете цевки за плин,
телефонски линии или други потенцијални
проводници на удари од гром како заземјување.
- Неправилна употреба на приклучокот
за заземјување може да резултира со
електричен удар.
• Ако кабелот за струја е оштетен,
веднаш заменете го кај производителот
или неговата сервисна служба.
• Осигурувачот на ладилникот мора да биде
сменет од овластен персонал или сервисна
служба.
- Непридржувањето кон ова може да резултира
со електричен удар или лична повреда.
ЗНАЦИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ
ПРИ ВГРАДУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ
• Чувајте ги отворите за вентилација во
поклопецот на уредот и монтажната
структура отворени и подалеку од препреки.
• Оставете го уредот да стои 2 часа по
вградувањето.
СТРОГИ ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ
ЗНАЦИ ЗА УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
• Не го вклучувајте приклучокот за струја
со мокри раце.
• Не чувајте предмети на покривот на уредот.
- Кога ја отварате или затворате вратата,
артиклите може да паднат и да предизвикаат
лична повреда и/или материјална штета.
• Не ставајте предмети наполнети со вода
одозгора на ладилникот.
- Ако се прелее, постои ризик од пожар или
електричен удар.
• Не оставајте деца да се нишаат на вратата.
- Непридржувањето кон ова може да
предизвика сериозна лична повреда.
• Не ги оставајте вратите од ладилникот
отворени додека ладилникот е без надзор
и не дозволувајте деца да влезат внатре во
ладилникот.
- Постои ризик од заклучување на деца и сериозни
лични повреди поради ниската температура.
• Никогаш не ставајте прсти или други објекти
во отворот од диспензерот.
- Непридржувањето кон ова може да предизвика
лична повреда или материјална штета.
• Не чувајте испарливи или запалливи
супстанци како бензен, разредувач, алкохол,
етер или ЛП гас во ладилникот.
- Чување на било кој од овие производи може
да предизвика експлозии.
безбедносни информации
_3

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Rsh7unpn

Table of Contents