Makita RS001G Instruction Manual page 55

Cordless rear handle saw
Hide thumbs Also See for RS001G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Заштита од преоптоварување
Кога со алатот/батеријата се работи на начин
што предизвикува повлекување прекумерно
висока струја, алатот автоматски се исклучува.
Во таква ситуација, исклучете го алатот и
запрете со примената што предизвикала негово
преоптоварување. Потоа, повторно вклучете го
алатот.
Заштита од прегревање
Кога алатот/батеријата се прегреани, алатот
автоматски запира. Во оваа ситуација, оставете го
алатот да се излади пред повторно да го вклучите.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата ќе падне на
ниско ниво, алатот автоматски се исклучува. Ако
производот не работи дури ни кога прекинувачите ќе
се вклучат или исклучат, извадете ги батериите од
алатот и наполнете ги.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
► Сл.8: 1. Индикаторски ламбички 2. Копче за
проверка
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
НАПОМЕНА: Првата (најлево) ламбичка на
индикаторот ќе трепка кога работи системот за
заштита на батеријата.
Преостанат
капацитет
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.
55 МАКЕДОНСКИ
Функција за автоматско менување
на брзината
Овој алат има „режим со голема брзина" и „режим со
голем вртежен момент".
Алатот автоматски го менува работниот режим во
зависност од работното оптоварување. Кога работното
оптоварување е ниско, алатот ќе работи во „режим
со голема брзина" за побрзо сечење. Кога работното
оптоварување е високо, алатот ќе работи во „режим со
голем вртежен момент" за силно сечење.
Нагодување на длабочината на
сечењето
ВНИМАНИЕ:
Откако ќе ја нагодите
длабочината за сечење, секогаш затегнете ја
рачката.
Отпуштете го лостот на граничникот за длабочина
и поместете ја основата нагоре или надолу. На
саканата длабочина за сечење, прицврстете ја
основата со затегнување на лостот.
За почисти и побезбедни засеци, поставете ја
длабочината на сечење, така што нема да стрчи
повеќе од еден заб од сечилото под работниот
материјал. Користењето соодветна длабочина на
сечење помага во намалувањето на потенцијалот
за опасни ПОВРАТНИ УДАРИ коишто можат да
предизвикаат телесна повреда.
► Сл.9: 1. Рачка
Косо сечење
ВНИМАНИЕ:
Откако ќе го нагодите аголот
на закосеност, секогаш затегнете го лостот
цврсто.
Олабавете го лостот и поставете го саканиот агол со
соодветно навалување, а потоа затегнете го лостот
цврсто.
► Сл.10: 1. Лост
Позитивен запирач
Позитивниот стопирач е корисен за брзо поставување
на саканиот агол. Свртете го позитивниот запирач,
така што стрелката на него ќе укажува на саканиот
надолжен кос агол (околу 22,5°/45°/53°). Олабавете
го лостот, а потоа навалете ја основата на алатот
додека не застане. Позицијата на којашто застанува
основата на алатот е аголот што сте го поставиле со
позитивниот запирач. Стегнете го лостот со основата
на алатот во оваа позиција.
► Сл.11: 1. Позитивен запирач
Нишанење
За рамни засеци, порамнете ја положбата од 0° на
предната страна од основата со вашата линија на
сечење. За коси засеци под агол од 45°, порамнете
ја со положбата од 45°.
► Сл.12: 1. Линија за сечење (положба од 0°)
2. Линија за сечење (положба од 45°)

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents