Beko WMB 50601 Y+ User Manual page 32

Hide thumbs Also See for WMB 50601 Y+:
Table of Contents

Advertisement

Available languages

Available languages

најмалку 2 минути по завршувањето на избраната
програма. Осветленоста на светилките на
индикаторите ќе се намали. Понатаму, ако
производот е опремен со приказ којшто покажува
времетраење на дадена програма, тогаш и овој
приказ целосно ќе се исклучи. Светилките и
приказот ќе се вратат на претходната состојба ако
го свртите копчето за избор на програмата или ако
притиснете некое копче. Направените избори ќе
се сменат ако излегувате од режимот за штедење
енергија. Проверете дали изборот е соодветен
пред да ја вклучите програмата. Прилагодете ако
е потребно. Ова не е дефект.
5 Одржување и чистење
Рокот на траење на производот се продолжува, а
честите проблеми се намалуваат ако тој се чисти
редовно.
5.1 Чистење на фиоката за детергент
Чистете ја фиоката за детергент редовно (секои
4-5 циклуси на перење) како што е прикажано
подолу за да спречите наталожување на
детергент.
Притиснете го местото означено со точка на
сифонот во одделот за омекнувач и влечете кон
вас сè додека фиоката не излезе од машината.
C
ИНФОРМАЦИИ
Сифонот мора да се исчисти ако започне да се
собира повеќе од нормална количина вода и
омекнувач во одделот за омекнувач.
Исперете ги фиоката и сифонот со многу млака
вода под чешма. Носете заштитни ракавици или
користете соодветна четка за да избегнете да ги
допирате остатоците во фиоката кога ја чистите.
Вметнете ја фиоката на место по чистењето и
проверете дали е наместена правилно.
5.2 Чистење на вратата и на барабанот
За производи со програма за чистење на
барабанот, погледнете Работа со производот -
Програми.
За производи без чистење на барабанот, следете
ги долунаведените чекори за да го исчистите
барабанот:
Изберете ги дополнителните функции
Дополнителна количина вода или Екстра
плакнење. Користете ја програмата Памук без
претперење. Поставете ја температурата на
нивото што е препорачано на средството за
чистење барабани кое може да се обезбеди
од овластен сервис. Применете ја постапката
без алишта во производот. Пред да ја вклучите
програмата, ставете 1 ќесичка специјално
32 / MK
средство за чистење барабани (ако не можете да
обезбедите специјално средство, ставете макс.
100 g прашок против бигор) во преградата за
главно перење (преграда бр. „2"). Ако средството
против бигор е во форма на таблета, ставете една
во одделот за главно перење бр. „2" . Исушете ја
внатрешноста на барабанот со чиста крпа кога ќе
заврши програмата.
C
ИНФОРМАЦИИ
Повторувајте го процесот за чистење на барабанот
секои 2 месеци.
Користете средство против бигор што е соодветно за
машини за перење.
По секое перење проверете дали страни тела се
останати во барабанот.
Ослободете ги отворите ако оние на внатрешната
страна на барабанот коишто се прикажани на
сликата се блокирани.
C
ИНФОРМАЦИИ
Страни тела од мета ќе предизвикаат дамки од р'ѓа
на барабанот. Исчистете ги дамките на барабанот со
средства за чистење нер'ѓосувачки челик. Никогаш
не користете челична волна или челична жица.
5.3 Чистење на куќиштето и
на контролниот панел
Избришете ја шасијата на машината со вода
и сапун или меки детергенти во форма на
гел коишто не предизвикуваат корозија ако е
неопходно и потоа исушете со мека крпа.
Користете само мека и сува крпа за да го
исчистите контролниот панел.
A
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Никогаш не користете сунѓер или материјали за
триење. Т ака ќе ги оштетите обоените и пластичните
површини.
Машина за перење алишта / Упатство за употреба

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents