Beko WMB 50601 Y+ User Manual page 23

Hide thumbs Also See for WMB 50601 Y+:
Table of Contents

Advertisement

Available languages

Available languages

2 Монтирање
Обратете се на најблискиот овластен сервисер
за инсталација на производот. Погледнете ги
информациите во упатството за корисникот
и проверете дали струјата, доводот за вода и
системот за испуштање вода се соодветни за
да го подготвите производот за работа и пред
да го повикате овластениот сервисер. Ако нема
соодветни услови, повикајте квалификуван
техничар и водоводџија за да ги завршат
неопходните подготовки.
C
ИНФОРМАЦИИ
Подготовката на локацијата и инсталацијата на
струјата, водата и одводот на местото за инсталација
се одговорност на потрошувачот.
Проверете дали доводот за вода, одводните црева
и електричниот кабел се превиткани, престапнати
или притиснати кога го буткате производот на своето
место по инсталацијата или чистењето.
B
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Инсталацијата и електричните поврзувања на
производот мора да ги спроведе овластен сервисер.
Производителот нема да биде одговорен за штети
што би се појавиле од постапки што ги спровеле
неовластени лица.
A
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Пред инсталацијата, проверете визуелно дали
производот има дефекти. Ако има, не инсталирајте
го. Оштетените производи претставуваат ризик за
безбедноста.
2.1 Соодветна локација за монтирање
• Поставете ја машината на цврст под. Не
ставајте ја на волнени прекривки или слични
површини.
• Вкупната тежина на машината за перење и на
сушалната - со целосно оптоварување - кога се
поставени една врз друга, достигнува околу 180
килограми. Ставете го производот на цврст и
рамен под што има задоволителен капацитет на
носивост!
• Не ставајте го производот врз кабелот за струја.
• Не монтирајте го производот на места каде
температурата може да падне под 0 °C.
• Ставете го производот најмалку 1 cm оддалечен
од рабовите на друг мебел.
2.2 Вадење на потпорите во пакувањето
Закосете ја машината наназад за да ги извадите
потпорите во пакувањето. Отстранете ги
потпорите во пакувањето со извлекување на
лентата.
23 / MK
2.3 Вадење на транспортните брави
A
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не вадете ги транспортните брави пред да ги
извадите потпорите во пакувањето.
Извадете ги навртките за безбеден транспорт пред
да ја вклучите машината! Инаку, производот ќе се
оштети.
Разлабавувајте ги шрафовите со соодветен клуч
с° додека не започнат да ротираат слободно (С).
Извадете ги навртките за безбеден транспорт со
тоа што ќе ги одвртите внимателно. Поставете ги
пластичните капаци што се доставени во вреќичка
со Упатството за корисникот во отворите на
задниот панел. (P)
C
ИНФОРМАЦИИ
Чувајте ги навртките за безбеден транспорт на
сигурно место ако треба повторно да ги употребите
кога машината за перење ќе треба да се премести.
Никогаш не поместувајте го уредот без правилно
поставени навртки за безбеден транспорт!
2.4 Поврзување на доводот за вода
C
ИНФОРМАЦИИ
Притисокот на водата од доводот што е потребен за
да работи машината мора да биде меѓу 1-10 бари (0.1
– 1 MPa). Неопходно е најмалку 10-80 литри вода да
течат од целосно отворената славина во една минута
за да работи машината без проблеми. Додајте вентил
за намалување на притисокот, ако е повисок.
Ако користите двоен довод на вода како единична
единица за ладна доводна вода, мора да поставите
стопер којшто е доставен со машината за вентилот за
топла вода. (Се однесува за производите кои што се
доставуваат со група слепи стопери).
Ако сакате да ги користите двата доводи за вода на
производот, може да го поврзете цревото за топла
вода по вадење на стоперот и групата со дихтунзи од
вентилот за топла вода. (Се однесува за производите
кои што се доставуваат со група слепи стопери).
A
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Моделите со единичен довод за вода не треба да
се поврзуваат со славина за топла вода. Во тој
случај, алиштата ќе се оштетат или производот ќе се
префрли во заштитен режим и нема да работи.
Не користете стари или користени црева за довод
на вода со новиот производ. Може да се предизвика
флекање на алиштата.
Машина за перење алишта / Упатство за употреба

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents