Beko WMB 50601 Y+ User Manual page 24

Hide thumbs Also See for WMB 50601 Y+:
Table of Contents

Advertisement

Available languages

Available languages

Поврзете ги специјалните црева што се
доставуваат со машината со вентилите за довод
на вода на машината. Црвеното црево (лево)
(макс. 90 °C) е за довод на топла вода, синото
црево (десно) (25 °C) е за довод на ладна вода.
A
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Проверете дали приклучоците за топла и ладна вода
се правилно поставени кога се инсталира машината.
Инаку, алиштата ќе бидат врели по перењето и
излитени.
Затегнете ги сите навртки на цревата со
рака. Никогаш не користете клуч при нивно
затегнување. Отворете ги славините докрај по
поставување на цревата за да проверите дали
протекува вода на точките на поврзување.
Ако има протекување, затворете ја славината
и извадете ја навртката. Затегнете ја одново
внимателно по проверка на заштитата. Затворајте
ги славините кога не ја користите машината за да
спречите протекување на водата и оштетувања.
2.5 Поврзување за одвод
• Крајот на цревото за одвод мора директно да
се поврзе со одвод за отпадна вода или со
мијалник.
A
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не вадете ги транспортните брави пред да ги
извадите потпорите во пакувањето.
• Цревото мора да се прицврсти на висина од
најмалку 40 cm, а најмногу од 100 cm.
• Во случај кога цревото се подига по
поставувањето на ниво на под или близу
до подот (помалку од 40 cm над подот),
исфрлањето на водата се отежнува и алиштата
ќе бидат повлажни. Затоа, следете ги висините
што се посочени на сликата.
• За да спречите нечистата вода да се враќа во
машината и за да обезбедите лесно испуштање,
не потопувајте го крајот на цревото во нечиста
вода и не внесувајте го во одводот повеќе од 15
cm. Ако е многу долго, скратете го.
• Крајот на цревото не смее да биде превиткано,
нагазено ниту притиснато меѓу одводот и
машината.
• Ако должината на цревото е многу кратка,
додајте оригинално црево за продолжување.
Должината на цревото не смее да биде
поголема од 3,2 m. За да избегнете дефекти
од протекување на вода, врската меѓу цревото
за продолжување и одводното црево на
24 / MK
производот мора да биде добро направена, со
соодветни стегачи за да не се раздвојат и да не
протекува.
2.6 Прилагодување на ногалките
A
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да се обезбеди производот да работи тивко и без
вибрации, тој мора да стои рамно и избалансирано на
ногарките. Наместете ја машината со прилагодување
на ногарките. Инаку, производот може да се
поместува и да предизвика кршење и вибрации.
Рачно разлабавете ги завртените навртки на
ногарките. Прилагодувајте ги ногарките додека
производот не застане рамно и стабилно.
Затегнете ги сите навртки со рака.
A
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не користете алати за да ги разлабавите завртените
навртки. Инаку, ќе се оштетат.
2.7 Поврзување на електриката
Поврзете го производот за заземјен приклучок,
заштитен со осигурувач според вредностите
во табелата „Технички спецификации" . Нашата
компанија нема да биде одговорна за какви било
оштетувања што ќе се појават ако производот
се користел без заземјување во согласност со
локалните регулативи.
• Поврзувањето мора да биде усогласено со
државните регулативи.
• Приклучокот за ел. енергија мора да биде на
дофат по монтирањето.
• Напонот и дозволената заштита на
осигурувачите се дадени во поглавјето
„Технички спецификации" . Ако вредноста на
осигурувачот во куќата е помалку од 16 ампери,
повикајте квалификуван електричар да постави
осигурувач од 16 ампери.
• Дадениот напон мора да биде еднаков на
напонот во штекерот.
• Не поврзувајте преку продолжени кабли или
повеќенаменски приклучоци.
B
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Оштетените кабли за струја мора да ги замени
овластен сервисер.
2.8 Прва употреба
Пред да го вклучите производот, проверете дали
сите подготовки се направени во согласност со
упатствата во поглавјата „Важни безбедносни
упатства" и „Инсталација" .
Прво вклучете ја програмата за Памук-90 за
да ја подготвите машината за перење алишта.
Пред да ја вклучите програмата, ставете макс.
Машина за перење алишта / Упатство за употреба

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents