ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ — Не ставајте преносливи штекери
со повеќекратни излези или преносливи напојувања на
задниот дел од апаратот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ — Храната треба да биде спакувана
во ќесички пред да се стави во фрижидерот, а течностите
треба да бидат во шишиња или во садови за да се избегне
проблемот што структурата на дизајнот на производот не
е лесна за чистење.
Овој симбол е предупредување и укажува дека
гасовите од разладното средството и изолацијата се
запаливи.
Предупредување: Ризик од пожар/запаливи материјали
Замена на сијаличките за осветлување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ — Сијаличките за осветлување не
смеат да бидат заменети од страна на корисникот! Ако
сијаличките за осветлување се оштетени, контактирајте го
центарот за грижа на корисници за да добиете помош. Ова
предупредување се однесува само на оние фрижидери кои
содржат сијалички за осветлување.
Разладно средство
Разладното средство изобутен (R600a) се содржи во колото
за ладење на апаратот, природен гас со висок степен на
компатибилност со животната средина, кој сепак е запалив.
За време на транспортот и инсталацијата на апаратот,
бидете сигурни дека нема да биде оштетена ниедна од
компонентите на колото за ладење.
Разладното средство (R600a) е запаливо.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ — Фрижидерите содржат разладни
средства и гасови во изолацијата. Разладните средствата и
гасовите мора да се отстранат на професионален начин
затоа што можат да предизвикаат повреди на очите или
палење. Бидете сигурни дека системот од цевки во колото
за ладење не е оштетен пред правилно фрлање на истиот.
6