Чистење И Нега - Hisense RB645N4BFE User's Operation Manual

Hide thumbs Also See for RB645N4BFE:
Table of Contents

Advertisement

Available languages

Available languages

Чистење и нега
Од хигиенски причини апаратот (и
надворешните и внатрешните фитинги)
треба редовно да се чистат (најмалку
еднаш во два месеци).
Предупредување!
Апаратот не смее да биде приклучен на
струја за време на чистењето затоа што
постои опасност од струен удар! Пред
чистењето исклучете го апаратот и
извадете го приклучокот од изворот за
напојување.
Чистење на надворешниот дел
За убав изглед на Вашиот апарат,
потребно е редовно чистење.
Избришете ја контролната табла со чисто,
меко крпче.
Испрскајте вода на крпчето за чистење
наместо да прскате директно на површината
од апаратот. Ова помага за еднаква
дистрибуција на влага на површината.
Исчистете ги вратите, рачките и
површините на кабинетот со благ детергент
и потоа избришете со меко крпче.
Претпазливост!
Не користете остри предмети затоа што
тие можат да ја изгребат површината.
Не користете разредувач, детергент за
кола, Клорокс, етерични масла, абразивни
средства за чистење, или органски
растворувачи како бензол. Тие можат да ја
оштетат површината на апаратот и да
предизвикаат пожар.
Чистење на внатрешниот дел
Треба редовно да го чистите внатрешниот
дел на апаратот. Чистењето ќе биде
полесно кога резервите на храна се мали.
Избришете го внатрешниот дел од
ладилникот со благ раствор од сода
бикарбона, потоа истријте го со топла вода
користејќи исцеден сунѓер или крпче.
Избришете целосно суво пред заменување
на полиците или садовите. Целосно исушете
ги сите површини и делови кои се вадат
пред повторно да ги наместите.
Иако овој апарат автоматски се одмрзнува,
сепак може да се појави слој од мраз на
внатрешните ѕидови на комората за
замрзнување ако вратата од замрзнувачот
била отворана често предолго. Ако мразот
е премногу дебел, изберете време кога
фрижидерот е речиси празен и продолжете
на следниот начин:
1. Извадете ја храната и додатните
торбички, исклучете го апаратот од главниот
извор на напојување и оставете ги вратите
отворени. Проветрете ја собата за да го
забрзате процесот на одмрзнување.
2. Кога одмрзнувањето ќе заврши, исчистете
го замрзнувачот на начинот опишан погоре.
24

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Rb645n4bie

Table of Contents