Корисни Совети И Предлози - Hisense RB645N4BFE User's Operation Manual

Hide thumbs Also See for RB645N4BFE:
Table of Contents

Advertisement

Available languages

Available languages

Корисни совети и предлози
Совети за заштеда на енергија
Ви ги препорачуваме следните совети
за заштеда на енергија.
Обидете се да не ја држите вратата
отворена на подолго време, со цел да
заштедите енергија.
Бидете сигурни дека апаратот секогаш е
далеку од какви било извори на топлина
(директна изложеност на сонце,
електрична печка или шпорет, итн.)
Не поставувајте ја температурата на
поладно отколку што е потребно.
Не чувајте топла храна или течности кои
испаруваат во апаратот.
Поставете го апаратот во добро
проветрена соба во која нема влажност.
Ве молиме погледнете го поглавјето за
„Инсталирање на Вашиот нов апарат".
Ако дијаграмот ја прикажува точната
комбинација на фиоки, криспер фиоки и
полици, немојте да ја прилагодувате
комбинацијата затоа што тоа е
најефикасната конфигурација за заштеда
на елетрична енергија.
Предлози за ладење на свежа храна
Не ставајте ја жешката храна директно
во фрижидерот или замрзнувачот, тоа ќе
придонесе за зголемување на
внатрешната температура и ќе резултира
со зголемена работа на компресорот и со
зголемена потрошувачка на енергија.
Немојте да ја покривате или да ја
завиткувата храната, особено ако има јак
мирис.
Ставете ја храната правилно, така што
воздухот ќе може слободно да циркулира
околу неа.
Предлози за ладење
Месо (сите видови): завиткајте во
полиетиленска фолија. Завиткајте и
ставете на стаклената полица над
полицата за зеленчук. Секогаш обрнувајте
внимание на времето на складирање на
храната и рокот на траење предложен од
производителот.
Готвена храна, ладни јадења, итн.:
Можат да бидат сместени на која било
полица.
Зеленчук и овошје:
Тие треба да бидат складирани во посебна
фиока која е доставена со фрижидерот.
Путер и сирење:
23
Треба да бидат завиткани во фолија без
да пропуштаат воздух или во стреч фолија.
Шишња за млеко:
Треба да имаат капак и да бидат
складирани на решетките од вратата.
Предлози за замрзнување
Кога ќе почне да работи првпат или по
подолг прекин во работата, пуштете го
апаратот да работи најмалку 2 часа на
повисоки поставувања пред да ставите
храна во преградите.
Подгответе ја храната во помали порции за
побрзо и комплетно да се замрзне и потоа
да бидете во можност да одмрзнете само
оноку колку што Ви е потребно.
Спакувајте ја храната во алуминиумска
фолија или во полиетиленска фолија кои
не пропуштаат воздух.
Не дозволувајте свежата, незамрзната
храна да ја допира храната која е веќе
замрзната за да избегнете зголемување на
температурата на втората.
Производите со мраз најверојатно ќе
предизвикаат изгореници од мраз на кожата,
доколку се конзумираат веднаш откако ќе се
извадат од замрзнувачот.
Се препорачува да го обележите секој
замрзнат пакет со датум и назив, за да го
знаете времето на складирање.
Предлози за складирање на замрзната
храна
Осигурете дека замрзнатата храна била
добро складирана од препродавачот.
Откако еднаш ќе се одмрзне, храната брзо
ќе попушти и не треба повторно да се
замрзнува. Не надминувајте го периодот на
складирање кој е обележан од
производителот.
Исклучување на Вашиот апарат
Ако апаратот треба да биде исклучен за
подолг временски период, треба да се
преземат следните чекори за да се избегне
појавата на мувла во истиот.
1. Извадете ја целата храна.
2. Извадете го приклучокот од главниот
штекер за напојување.
3. Целосно исчистете го и исушете го
внатрешниот дел.
4. Осигурете дека сите врати се малку
подотворени за да се овозможи
циркулација на воздухот.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Rb645n4bie

Table of Contents