Намалување На Потрошувачката На Енергија - Samsung UE75TU7092UXXH User Manual

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
* Броевите и сликите од овој прирачник за користење
служат само како референца и може да се разликуваат
од вистинскиот приказ на производот. Дизајнот и
спецификациите на производот може да се променат без
претходно известување.
Намалување на потрошувачката на енергија
Кога ќе го исклучите телевизорот, тој преминува во режим на
подготвеност. Кога е во режим на подготвеност, продолжува
да троши мало количество на енергија. За да ја намалите
потрошувачката на енергија, исклучете го кабелот за
напојување кога не планирате да го користите телевизорот
подолг временски период.
Лиценци
The terms HDMI and HDMI High-Definition Multimedia Interface,
and the HDMI Logo are trademarks or registered trademarks of
HDMI Licensing LLC in the United States and other countries.
Samsung изјавува дека оваа радио опрема е во сообразност
со Директивата 2014/53/ЕУ и соодветните законски барања
на Обединетото Кралство.
Целосниот текст на изјавата за сообразност е достапна на
следнава интернет-адреса:
http://www.samsung.com, одете во делот за Поддршка и
внесете го името на моделот.
Оваа опрема може да се употребува во сите држави на ЕУ и
во Обединетото Кралство.
Макс. моќност на предавателот за Wi-Fi: 100 mW при 2,4 GHz-
2,4835 GHz
Правилно отстранување на овој
производ (отстранување на електрична &
електронска опрема)
(Применливо во држави со посебни
системи за справување со отпадот)
Оваа ознака на производот, галантеријата или литературата
посочува дека производот и неговата електронска
дополнителна опрема (на пр. полнач, слушалки со микрофон,
USB кабел) не треба да се отстранат заедно со останатиот
отпад од домаќинството на крајот од работниот век. За да се
спречи можна штета врз околината или човечкото здравје од
неконтролирано отстранување на отпад, ве молиме одделете
ги овие предмети од другите видови на отпад и рециклирајте
ги за да промовирате повторно користење на материјалите.
Физичките лица можат да се обратат или во продавницата
каде што го купиле овој производ или во службите на
локалната самоуправа, за детали каде и како да извршат
рециклирање на производот на начин безбеден по
околината.
Деловните корисници треба да се обратат до својот набавувач
и да ги проверат условите и одредбите од договорот
за купување. Овој производ и неговата електронска
дополнителна опрема не треба да се отстранува заедно со
другите комерцијални видови на отпад.
Правилно отстранување на батериите од
овој производ
(Применливо во држави со посебни
системи за справување со отпадот)
Оваа ознака на батеријата, прирачникот или пакувањето
посочува дека батериите од овој производ не треба да се
отстранат заедно со останатиот отпад од домаќинството на
крајот од работниот век. Ознаките за хемиските симболи
Hg, Cd или Pb посочуваат дека батеријата содржи жива,
кадмиум или олово над референтните нивоа од директивата
EC 2006/66. Доколку батериите не се депонираат правилно,
овие супстанци можат да предизвикаат штети на човековото
здравје или опкружувањето.
За заштита на природните ресурси и промовирање на
повторната употреба на материјалите, одделете ги батериите
од останатите видови на отпад и рециклирајте ги со помош на
бесплатниот локален систем за рециклирање на батерии.
Македонски - 7

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents