Пред Да Го Прочитате Прирачникот За Користење; Предупредување! Важни Безбедносни Инструкции - Samsung UE55BU8072UXXH User Manual

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Пред да го прочитате
прирачникот за користење
Телевизорот се испорачува со овој прирачник за користење
и вграден e-Manual (
>
Мени >
Поддршка > Отвори e-Manual).
Предупредување! Важни
безбедносни инструкции
Ве молиме прочитајте ги безбедносните инструкции пред
да започнете да го користите вашиот телевизор. Погледнете
ја табелата подолу за да го дознаете објаснувањето за
симболите со кои може да биде обележан вашиот производ
од Samsung.
ВНИМАНИЕ
РИЗИК ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР. НЕ ОТВОРАЈТЕ.
ВНИМАНИЕ: ЗА ДА ГО НАМАЛИТЕ РИЗИКОТ ОД
ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР, НЕ ОТСТРАНУВАЈТЕ ГО КАПАКОТ
(НИТУ ЗАДНАТА СТРАНА). ВО ВНАТРЕШНОСТА НЕМА
ДЕЛОВИ КОИ МОЖЕ ДА СЕ ПОПРАВАТ ОД СТРАНА НА
КОРИСНИКОТ. ПРЕПУШТЕТЕ ГО СЕРВИСИРАЊЕТО НА
КВАЛИФИКУВАН ПЕРСОНАЛ.
Овој симбол посочува дека во
внатрешноста има висок напон. Опасно
е да доаѓате во каков било контакт со
внатрешните делови на овој производ.
Овој симбол означува дека со овој
производ се испорачува важна литература
во врска со неговото функционирање и
одржување.
Производ од класа II: Овој симбол
означува дека не е потребно безбедносно
заземјување. Ако овој симбол не е
присутен на производот со кабел за
напојување, тогаш тој производ МОРА да
биде приклучен во штекер со заземјување.
AC напон: Номиналниот напон означен со
ваков симбол е наизменичен (AC) напон.
DC напон: Номиналниот напон означен со
ваков симбол е еднонасочен (DC) напон.
Внимание. Погледнете во инструкциите за
користење: Овој симбол му наложува на
корисникот да погледне во прирачникот за
користење за дополнителни информации
поврзани со безбедноста.
Македонски - 2
Напојување
• Не оптоварувајте ги ѕидните приклучоци за струја,
продолжителните кабли или адаптерите со надминување
на нивниот капацитет. Тоа може да предизвика пожар или
Поставување >
електричен удар.
Погледнете го делот со спецификации за напојувањето од
прирачникот и/или ознаката за напојување на производот
за информации за напонот и амперажата.
• Каблите за напојување треба да се постават на начин со
кој ќе се избегне нивното газење или приклештување
со предмети кои се поставени врз или до нив. Обрнете
посебно внимание на приклучоците на краевите од
кабелот, ѕидните приклучоци за струја и местата на кои
излегуваат од уредот.
• Никогаш не вметнувајте метални предмети во отворените
делови на овој уред. Ова може да предизвика електричен
удар.
• За да избегнете електричен удар, никогаш не допирајте ја
внатрешноста на овој уред. Само квалификуван техничар
смее да го отвора овој уред.
• Приклучете го кабелот за напојување така што е цврсто
поставен на своето место. Кога го исклучувате кабелот за
напојување од ѕиден приклучок за струја, секогаш влечете
за приклучокот на кабелот за напојување. Никогаш не
исклучувајте го со влечење на самиот кабел. Не допирајте
го кабелот за напојување со влажни раце.
• Ако овој уред не работи нормално - поточно, ако од него
се слушаат невообичаени звуци или излегува некоја
миризба - веднаш исклучете го од напојување и обратете
се кај овластениот продавач или во сервисен центар на
Samsung.
• За да го заштитите овој апарат од удар од гром или за да го
оставите без надзор и да не го користите долг временски
период, извадете го кабелот од ѕидниот приклучок за
струја и исклучете ја антената или кабелскиот систем.
– Насобраниот прав може да предизвика електричен
• Користете само соодветно заземјени приклучоци и
штекери.
– Неправилното заземјување може да предизвика
• За да го исклучите целосно овој уред, извадете го
неговиот кабел од ѕидниот штекер. За да можете брзо да
го исклучите кабелот за напојување на уредот доколку
има таква потреба, овозможете лесен пристап до ѕидниот
штекер и приклучокот за напојување.
удар, истекување на струја или пожар, бидејќи поради
правот кабелот за напојување може да создаде искри
и топлина или изолацијата може да ги изгуби своите
својства.
електричен удар или оштетување на опремата. (само
опрема од класа l.)

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents