Bosch Professional GML SoundBoxx 18V Original Instructions Manual page 124

Hide thumbs Also See for Professional GML SoundBoxx 18V:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 10
OBJ_BUCH-1777-002.book Page 124 Wednesday, March 11, 2015 1:22 PM
124 | Македонски
 Користете ги само полначите коишто се наведени во
Технички податоци. Само овие полначи се
прилагодени на литиум-јонските батерии коишто се
дозволени за вашиот радио апарат за градилиште.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Ставете ја батеријата во отворот 15 така што приклучоците
на батеријата ќе лежат на приклучоците во отворот за
батерија 15 и вклопете ја батеријата во отворот.
Приказот за наполнетост на акумулаторот b се појавува на
екранот, штом се стави акумулатор со доволен напон и
радиото се поврзе со струјна мрежа, но не преку
мрежниот напојувач 20.
Состојбата на наполнетост на батеријата b го покажува
моменталниот статус на батеријата. Доколку приказот за
состојбата на наполнетост на батеријата трепка,
батеријата мора да се наполни.
Приказ
Капацитет
2/3
1/3
<1/3
Резерва
Празен акумулатор
За вадење на батеријата 19 притиснете на копчето за
отклучување на батеријата и извлечете ја од отворот 15.
Режим на работа со мрежен напојувач
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја за мрежниот напојувач мора да
одговара на податоците на спецификационата плочка
на мрежниот напојувач.
Отворете го заштитното капаче на 12-V-приклучниот
конектор 24. Ставете го приклучокот на уредот 21 на 12-V-
мрежен напојувач во приклучниот конектор 24.
Приклучете го мрежниот напојувач на струјната мрежа.
 Користете исклучиво оригинален мрежен напојувач
од Bosch, којшто е наменет за Вашиот радио апарат
за градилиште. Само на тој начин ќе се овозможи
беспрекорна работа на радио апаратот за градилиште.
Заради заштита од нечистотии повторно приклучете го
заштитното капаче на 12-V-приклучниот конектор 24,
доколку сте го извадиле приклучокот на уредот.
Ставање/менување на батериите за резервно
напојување
За да можете да го зачувате времето на часовникот на
радио апаратот за градилиште, мора да бидат ставени
батериите за резервно напојување. Притоа се
препорачува користење на алкално-мангански батерии.
За да го отворите поклопецот од преградата за батерии
олабавете ја завртката 22 и извадете го поклопецот од
преградата за батерии 23. Ставете ги батериите за
резервно напојување. Притоа внимавајте на половите во
1 609 92A 0ZX | (11.3.15)
согласност со приказот на надворешната страна на
поклопецот на преградата за батерии.
Повторно ставете го поклопецот на преградата за батерии
23 и прицврстете го со завртката 22.
Заменете ги резервните батерии, доколку приказот e
избледи и времето на часовникот на радиото не може да
се зачува.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
 Извадете ги резервните батерии од радио апаратот
за градилиште доколку не сте го користеле подолг
период. Доколку се подолго време складирани,
резервните батерии може да кородираат и да се
испразнат.
Употреба
 Заштитете го радио апаратот за градилиште од влага
и директно сончево зрачење. Радио апаратот за
градилиште е наменет за употреба само во суви
внатрешни простории.
Аудио режим
Вклучување/исклучување
За вклучување на радио апаратот за градилиште
притиснете на копчето за вклучување-исклучување 2.
Екранот 1 ќе се активира и ќе го репродуцира аудио
изворот поставен при последното исклучување на радио
апаратот за градилиште.
Напомена: За време на првата употреба со акумулатор
или по подолг период на неупотребување на радио
апаратот за градилиште, можно е да треба повеќе пати или
подолго да го притиснете копчето за вклучување-
исклучување 2 за да го вклучите уредот.
Екранот 1 ќе се осветли неколку секунди при секое
притискање на копчето.
За исклучување на радио апаратот за градилиште одново
притиснете на копчето за вклучување-исклучување 2. Ќе
се зачува моменталната поставка на аудио изворот.
За да заштедите енергија, вклучувајте го радио апаратот
за градилиште само доколку го користите.
Подесување на гласноста
По вклучувањето на радио апаратот за градилиште
секогаш се поставува средна гласност (вредност 10).
За зголемување на гласноста притиснете на копчето
„Vol +" 5, а за намалување на гласноста на копчето „Vol –"
3. Подесувањето на гласноста „VL" се појавува со
вредност помеѓу 0 и 20 неколку секунди на приказот e на
екранот.
Пред подесувањето или менувањето на радио станицата
поставете ја гласноста на пониска вредност, а пред стартот
на надворешен аудио извор на средна вредност.
За исклучување на тонот можете да го притиснете копчето
„Mute" 12. За да го вклучите повторно тонот, притиснете
одново или на копчето „Mute" 12 или на едно од
копчињата за гласност „Vol +" 5 одн. „Vol –" 3.
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Professional gml soundboxx 14,4v

Table of Contents