Безбедносни Упатства - AEG IKB64431XB User Manual

Hide thumbs Also See for IKB64431XB:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 96
сервисен претставник или слично квалификувани лица
за да се избегне опасност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Користете само заштитици за
плоча за готвење направени од страна на
производителот на апаратот за готвење или оние кои се
наведени во упатствата за користење како погодни или
заштитници за плоча за готвење кои се дел од самиот
апарат. Користењето на несоодветни заштитници за
површина за готвење може да предизвика незгода.
2. БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
2.1 Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Апаратот мора да го монтира
само квалификувано лице.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
оштетување на апаратот.
• Извадете ја целата амбалажа.
• Немојте да монтирате ниту да
користите оштетен апарат.
• Следете ги инструкциите за монтирање
дадени со апаратот.
• Одржувајте минимална оддалеченост
од другите апарати и делови.
• Секогаш внимавјте кога го пренесувате
апаратот затоа што е тежок. Секогаш
носете заштитни ракавици и
приложените обувки.
• Зачепете ги засечените површини со
заптивач за да спречите влагата да
предизвика надигнување.
• Заштитете го дното на апаратот од
пареа и влага.
• Не го монтирајте апаратот во близина
на врата или под прозорец. На овој
начин ќе спречите некој жежок сад за
готвење да падне од апаратот кога
вратата или прозорецот се отворени.
• Секој апарат има вентилатори за
ладење на дното.
• Ако апаратот е инсталиран над
фиоката:
– Не чувајте мали предмети или
листови хартија кои можат да бидат
вовлечени затоа што може да ги
оштетат вентилаторите за ладење
или да го оштетат системот за
ладење.
– Чувајте растојание од минимум 2
cm помеѓу копчето на апаратот и
деловите кои се чуваат во фиоката.
• Извадете било кој разделувач на плочи
монтиран во плакарот под апаратот.
2.2 Поврзување со струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од пожар и струен удар.
• Секое поврзување со струја треба да
биде направено од квалификуван
електричар.
• Апаратот мора да биде заземјен.
• Пред да се изведуваат какви било
работи, проверете дали апаратот е
исклучен од струја.
• Проверете дали параметрите на
плочката со спецификации се
компатибилни со електричната моќност
на мрежата на електрична енергија.
• Проверете дали апаратот е правилно
монтиран. Лабав и несоодветен кабел
за струја или приклучок (ако е
применливо) може да предизвика
прегревање на терминалот.
• Користете соодветен кабел за струја.
• Не оставајте ги каблите да се
заплеткаат.
МАКЕДОНСКИ
247

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents